Таниз

0,4 mg, тврди капсули со модифицирано ослободување

Употреба

Активна супстанција на лекот Таниз е тамсулозин хидрохлорид. Дејствува на тој начин што ја релаксира мускулатурата во простатата и мочниот канал (каналот преку кој се исфрла урината од телото) и на тој начин овозможува полесен премин на урината низ мочниот канал и го помага мокрењето.
Bo простатата, мочниот меур и мочниот канал се наоѓаат посебни клетки кои содржат алфа1A-рецептори кои предизвикуваат затегнување на мускулите на мочниот канал.
Лекот Таниз претставува блокатор на алфа1A-адренорецепторите што го намалува дејството на овие специјализирани клетки и ја релаксира мускулатурата, со што го олеснува мокрењето.
За што се употребува лекот Таниз
Лекот Таниз се употребува за терапија на симптоми поврзани со бенигна хиперплазија на простатата (BHP), состојба при која настанува зголемување на простатата.
Симптомите вклучуваат потешкотии да се започне со мокрење, често мокрење, чувство дека мочниот меур не е целосно испразнет и станување неколку пати во текот на ноќта поради нагони за мокрење.

Пакување

30 капсули со модифицирано ослободување

Слични производи

Таниз ЕРАС, 0,4 mg, таблети со продолжено ослободување

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО

Квалитетот, безбедноста и ефикасноста на производите на Крка се клинички докажани со помош на бројни клинички испитувања.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе