Росвера

Употреба
Лекот Росвера ви е препишан затоа што:
• имате покачено ниво на холестерол во крвта. Тоа значи дека постои ризик за настанување на срцев или мозочен удар. Лекот Росвера се употребува кај возрасни, адолесценти и деца над 6 годишна возраст за намалување на високи вредности на холестерол. Вашиот лекар ви препишал статин затоа што промените во начинот на исхраната и вежбањето повеќе не се доволни за да се намали нивото на холестерол до нормалните вредности. Продолжете со исхраната која го намалува холестеролот и со вежбање и за време на лекувањето со лекот Росвера.
или
• други фактори кои го зголемуваат ризикот за срцев удар, мозочен удар или слични проблеми со здравјето. Овие состојби можат да бидат предизвикани од заболување наречено атеросклероза кое настанува како резултат на создавање на масни наслаги во артериите.
Зошто е важно постојано да го земате лекот Росвера?
Лекот Росвера се употребува за намалување на нивото на мастите во крвта, кои се познати како липиди, од кои најчест вид е холестеролот.
Постојат различни типови на холестерол во крвта – »лош« холестерол (LDL-C, липопротеин со ниска густина) и »добар« холестерол (HDL-C, липопротеин со висока густина).
• Лекот Росвера го намалува »лошиот« холестерол и го зголемува »добриот« холестерол.
• Лекот Росвера го спречува создавањето на »лошиот« холестерол и ја подобрува способноста на вашето тело да го отстрани од крвта.
Кај најголемиот број на луѓе, високиот холестерол не влијае на тоа како тие се чувствуваат, затоа што не дава некакви посебни симптоми. Сепак, ако не се лекува, масните наслаги може да се акумулираат во зидовите на крвните садови и да предизвикаат нивно стеснување.
Понекогаш, стеснетите крвни садови може да се запушат и на тој начин да се оневозможи снабдувањето на срцето или мозокот со крв, што ќе доведе до срцев или мозочен удар. Со намалување на нивото на холестеролот, може да се намали ризикот за појава на срцев или мозочен удар.
Потребно е да продолжите да го земате лекот Росвера дури и откако ќе ви се намали нивото на холестерол до неговите нормални вредности во крвта, затоа што на тој начин се спречува повторното покачување на холестеролот и таложењето на масните наслаги. Сепак, треба да престанете со земање на овој лек ако тоа ви го препорачал вашиот лекар или во случај да забремените.
За време на лекувањето со лекот Росвера, продолжете со соодветната исхрана со намален внес на холестерол и со вежбањето.
Пакување
30 филм-обложени таблети
Слични производи
Росвера, 10 mg, филм-обложени таблети
Росвера, 20 mg, филм-обложени таблети
Росвера, 5 mg, филм-обложени таблети