Маисиглу

Употреба
Лекот Маисиглу ја содржи активната супстанција ситаглиптин која и припаѓа на класата на лекови наречени DPP-4 инхибитори (инхибитори на дипептидил пептидаза-4), и таа го намалува нивото на шеќер во крвта кај возрасни пациенти со дијабетес мелитус тип 2.
Овој лек помага да се зголемат нивоата на инсулин што се создаваат по оброкот и ја намалува количината на шеќер што се создава од страна на телото.
Вашиот лекар ви го препишал овој лек за да ви помогне да го намалите шеќерот во крвта, којшто е превисок поради дијабетесот тип 2. Овој лек може да се користи сам или во комбинација со некои други лекови (инсулин, метформин, сулфонилуреи или глитазони) кои го намалуваат шеќерот во крвта, кои можеби веќе ги земате за дијабетес заедно со план за исхрана и физичка активност.
Што е дијабетес тип 2?
Дијабетес тип 2 е состојба при која вашето тело не создава доволно количини на инсулин, а инсулинот што го создава вашето тело не дејствува на соодветен начин. Вашето тело исто така може да создава премногу шеќер. Кога тоа ќе се случи, шеќерот (гликозата) се таложи во крвта. Тоа може да доведе до сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, болести на бубрезите, слепило и ампутација.
Пакување
28 филм-обложени таблети