Лориста

50 mg, филм-обложени таблети

Употреба

Лосартан и припаѓа на групата на лекови наречени ангиотензин II рецепторни антагонисти.
Ангиотензин II е супстанција која се создава во телото и се поврзува со рецепторите во крвните садови предизвикувајќи нивно стеснување. Тоа доведува до зголемување на крвниот притисок. Лосартанот го спречува врзувањето на ангиотензин II за овие рецептори и на тој начин предизвикува релаксирање на крвните садови што доведува до намалување на крвниот притисок. Лосартан го забавува намалувањето на функцијата на бубрезите кај пациенти со висок крвен притисок и дијабетес мелитус тип 2.
Лекот Лориста се користи:
• За лекување на пациенти со висок крвен притисок (хипертензија) кај возрасни и кај деца и адолесценти на возраст од 6 – 18 години.
• За заштита на бубрезите кај хипертензивни пациенти со дијабетес мелитус тип 2, со лабораториски докази за нарушена бубрежна функција и протеинурија ≥0,5 g на ден (состојба при која урината содржи невообичаена количина на протеини).
• За лекување на пациенти со хронична срцева слабост кога терапијата со специфичните лекови наречени инхибитори на ангиотензин конвертирачки ензим (АКЕ инхибитори, лекови за намалување на високиот крвен притисок) не се смета за погодна од страна на вашиот лекар. Ако вашата срцева слабост е стабилизирана со некој АКЕ инхибитор, не треба да се префрлувате на терапија со лосартан.
• Кај пациенти со висок крвен притисок и задебелување на левата комора, лекот Лориста се покажа дека го намалува ризикот од мозочен удар („индикација според LIFE студијата „).

Пакување

30 филм-обложени таблети

Слични производи

Лориста, 100 mg, филм-обложени таблети
Лориста Х, 50 mg/12,5 mg, филм-обложени таблети
Лориста ХД, 100 mg/25 mg, филм-обложени таблети

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО

Квалитетот, безбедноста и ефикасноста на производите на Крка се клинички докажани со помош на бројни клинички испитувања.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе