Кордипин ХЛ

40 mg, таблети со модифицирано ослободување

Употреба

Лекот Кордипин ХЛ содржи нифедипин, кој и припаѓа на групата на лекови наречени калциумови антагонисти. Лекот Кордипин ХЛ се користи за лекување на висок крвен притисок или ангина (болка во градите).
За висок крвен притисок: Лекот Кордипин ХЛ делува преку релаксирање и проширување на крвните садови. Тоа го олеснува протокот на крв и го намалува крвниот притисок. Намалениот крвен притисок го намалува напорот при работата на вашето срце.
За ангина: Лекот Кордипин ХЛ делува преку релаксирање и проширување на артериите кои го снабдуваат срцето. Ова овозможува поголем доток на крв и кислород до срцето и го намалува напорот при работата на срцето. Вашите напади на ангина ќе бидат помалку сериозни и поретки доколку има помал притисок врз срцето.

Пакување

20 таблети со модифицирано ослободување

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО

Квалитетот, безбедноста и ефикасноста на производите на Крка се клинички докажани со помош на бројни клинички испитувања.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе