Енап

Употреба
Енап и припаѓа на групата на лекови наречени инхибитори на ангиотензин конвертирачкиот ензим (АКЕ инхибитори). Овој лек дејствува така што ги шири крвните садови што води до намалување на крвниот притисок. Кај пациентите со срцева слабост, лекот Енап ја подобрува работата на срцето.
Лекот Енап се употребува за:
• лекување на висок крвен притисок;
• лекување на срцева слабост;
• спречување на понатамошно ослабнување на срцето, како и забавување на развојот на симптомите кај пациенти со срцева слабост во рана фаза, односно во периодот кога симптомите се уште не се развиени;
• спречување на ненадејни тешки срцеви компликации (коронарни исхемични настани) кај пациенти со лево вентрикуларна дисфункција.
Пакување
20 таблети
Слични производи
Енап, 1,25 mg/1 ml, раствор за инјектирање
Енап, 10 mg, таблети
Енап, 2,5 mg, таблети
Енап, 20 mg, таблети
Енап Х, 10 mg/25 mg, таблети
Енап ХЛ, 10 mg/12,5 mg, таблети
Енап ХЛ, 20 mg/12,5 mg таблети