Елицеа

Употреба
Лекот Елицеа содржи есциталопрам и се употребува за лекување на депресија (големи депресивни епизоди) и анксиозни растројства (како што е панично растројство со или без агорафобија, социјално анксиозно растројство, генерализирано анксиозно растројство и опсесивно-компулсивно растројство).
Есциталопрам и припаѓа на групата на антидепресиви наречена селективни инхибитори на повторното преземање на серотонинот (SSRIs). Овие лекови делуваат на серотонинскиот систем во мозокот преку зголемување на нивото на серотонин. Се смета дека нарушувањата на серотонинскиот систем се значаен фактор за појава на депресија и заболувања кои се поврзани со депресијата.
Може да поминат неколку недели пред да почнете да се чувствувате подобро. Продолжете да го земате лекот Елицеа, дури и ако е потребно да помине некое време пред да почувствувате подобрување на вашата состојба.
Мора да се советувате со вашиот лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо.
Пакување
30 филм-обложени таблети
Слични производи
Елицеа, 20 mg, филм-обложени таблети
Елицеа, 5 mg, филм-обложени таблети