Дексаметазон Крка

8 mg, таблети

Употреба

Лекот Дексаметазон Крка е синтетски глукокортикоид. Глукокортикоидите се хормони кои се создаваат во кората на надбубрежните жлезди. Лекот има против-воспалителни, аналгетски и антиалергиски дејства и го потиснува (супресира) имунолошкиот систем.
Лекот Дексаметазон Крка се препорачува за лекување на ревматски и автоимуни заболувања (на пример, системски лупус еритематозус, ревматоиден артритис, јувенилен идиопатски артритис, полиартеритис нодоза), заболувања на респираторниот тракт (на пример, бронхијална астма, опструктивен ларингитис со тешка кашлица кај децата), заболувања на кожата (на пример, еритродерма, пемфигус вулгарис) туберкулозен менингитис само во комбинација со анти-инфективна терапија, заболувања на крвта (на пример, идиопатска тромбоцитопенична пурпура кај возрасни), церебрален едем, третман на симптоматски мултипен миелом, акутна лимфобластна леукемија, Хочкинова болест и не-Хочкинов лимфом во комбинација со други лекови , палијативна терапија (терапија на болка) при канцерогени заболувања, спречување на појава и терапија на гадење и повраќање предизвикани од хемотерапија и превенција и терапија на повраќање после операција, во рамки на антиеметската терапија (терапија за спречување на појава на повраќање).

Пакување

20 таблети

Слични производи

Дексаметазон Крка, 0,5 mg, таблети
Дексаметазон Крка, 4 mg/ml, раствор за инјектирање/инфузија

Истражете повеќе

Multiparty banner 1

КВАЛИТЕТ

Посветени сме на квалитетот бидејќи тој е суштински дел од сè што правиме.

Повеќе

КЛИНИЧКИ ДОКАЖАНО

Квалитетот, безбедноста и ефикасноста на производите на Крка се клинички докажани со помош на бројни клинички испитувања.

Повеќе

ЗДРАВЈЕТО Е ВАЖНО

Нашите стручни совети се насочени кон промовирање и подигање на свеста за важноста на здравиот начин на живот.

Повеќе