Ги подобрува помнењето и концентрацијата кај возрасни лица кај коишто когнитивниот пад поврзан со стареењето почнува да се одразува врз секојдневното ментално функционирање.(1)
Забележувате ли промени во помнењето и концентрацијата?
Кај многу возрасни лица, со текот на годините може постепено да се појават суптилни промени во помнењето, концентрацијата или брзината на размислување(2,3). Овие промени обично се развиваат постепено, а може да станат позабележливи во периоди исполнети со повеќе обврски и зголемен ментален напор(2):
Можеби некои од следниве ситуации Ви се добро познати(4):
- да заборавите зошто сте отишле во друга просторија;
- да заборавите што сте сакале да купите во продавницата;
- дури откако ќе излезете од дома, да се сетите дека сте заборавиле нешто што сте сакале да го понесете;
- да помислите дека нешто сте изгубиле, а потоа да го најдете токму таму каде што веќе сте го барале.
Ваквите моменти на заборавање на прв поглед може да изгледаат безначајни, но доколку зачестат и почнат да влијаат врз секојдневното функционирање, кај некои луѓе може да бидат знак за почетен когнитивен пад поврзан со стареењето (2,3). Затоа е важно навреме да се препознаат и подобро да се разберат можните причини за нивната појава. Дури и навидум безопасните пасивни навики, како долготрајното гледање телевизија, може со текот на времето да придонесат за намалување на менталната активност(5).
Кај некои луѓе, урамнотежената исхрана, редовната физичка активност и техниките за релаксација, како што е свесната присутност, може да помогнат во одржувањето на менталната острина (6-8). Во други случаи, особено кога заборавањето станува почесто или трае подолго (3), тоа може да укажува на поизразени промени во когнитивното функционирање на кои треба да им се посвети внимание.
Кога почнуваат да се појавуваат когнитивните промени?
Промените во помнењето и концентрацијата најчесто се поврзуваат со повозрасната доба, но нивното постепено опаѓање може да стане забележливо уште во средниот животен период2,3.

Зошто се препорачува Билобил®?

Ги подобрува помнењето и концентрацијата(1)
Помага при когнитивните симптоми што се јавуваат како последица на когнитивниот пад поврзан со стареењето.

Го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород(1)
Преку своето дејство врз микроциркулацијата, Билобил® го подобрува снабдувањето на мозокот со кислород, што има важна улога во нормалното функционирање на мозокот.

Клинички докажан хербален лек(1)
Содржи квантифициран екстракт од гинко билоба, произведен во согласност со фармацевтските стандарди за квалитет.

Дејствата на гинко билоба
Хербален лек за когнитивни симптоми поврзани со стареењето
Клинички е докажано дека екстрактот од гинко билоба помага во подобрувањето на благите когнитивни нарушувања, како што се нарушувањата на помнењето и концентрацијата(9).
Благодарение на различните активни состојки, меѓу кои флавонски гликозиди, гинкоголиди и билобалиди, екстрактот од гинко билоба(9):
- ја подобрува циркулацијата на крвта,
- го зголемува снабдувањето на мозокот со кислород,
- помага во одржувањето на менталната острина.

Пронајдете го вистинскиот производ за Вас

Билобил® интенс
120 mg капсули
1 капсула 2x на ден

Билобил® форте
80 mg капсули
1 капсула 2-3x на ден
Дневната доза на екстрактот од гинко билоба препорачана од страна на Европската агенција за лекови изнесува 240 mg.
Како да се зема Билобил®?
Капсулите Билобил® треба да се проголтаат цели, по оброк, со чаша вода и да се земаат најмалку 8 недели.(1)
Билобил® не се препорачува за употреба кај бремени жени и доилки и не е наменет за употреба од страна на деца и адолесценти.
Побарајте го во Вашата аптека
Одржи го умот бистар со Билобил®. Билобил® е достапен во аптеките, како и онлајн преку овластени партнери што нудат можност за онлајн купување.
Најчесто поставувани прашања
Билобил® е хербален лек што содржи сув, прочистен и квантифициран екстракт од лист од гинко билоба. Една капсула Билобил® од 120 mg содржи 120 mg екстракт од лист од гинко билоба, со дефинирани количества на флавоноиди, гинкоголиди и билобалид.¹
Билобил® е наменет за подобрување на когнитивните нарушувања поврзани со стареењето и квалитетот на животот кај лица со лесна деменција.¹
Билобил® е хербален лек, а не додаток во исхраната. Иако е достапен без рецепт, се произведува во согласност со фармацевтските стандарди за квалитет. Тоа значи дека екстрактот од гинко е внимателно контролиран и содржи прецизно дефинирани количества на неговите важни активни состојки, додека содржината на природно присутните гинколни киселини е строго ограничена. Ова е особено важно кај хербалните производи, бидејќи нивниот квалитет зависи од составот и содржината на супстанциите што се екстрахираат од растението, како и од строгата контрола на несаканите супстанции.
Возрасните треба да земаат дневна доза од 240 mg, односно 1 капсула двапати дневно или 2 капсули еднаш дневно. Капсулите треба да се проголтаат цели со доволно течност и може да се земаат независно од оброците.¹
Не е потребно редовно да правите пауза доколку Билобил® Ви помага и добро го поднесувате. Билобил® може да се употребува континуирано. Некои лица може да одлучат да го земаат во одредени периоди, на пример кога се изложени на зголемено когнитивно оптоварување. Доколку симптомите не се подобрат по 3 месеци или ако се влошат, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.¹
Не. Билобил® не е наменет за моментално дејство по земањето на една капсула. Потребно е да се зема редовно во подолг временски период. Третманот треба да трае најмалку 8 недели пред да може соодветно да се процени неговото дејство. Доколку симптомите не се подобрат по 3 месеци или ако се влошат, посоветувајте се со Вашиот лекар. Лекарот може да процени дали е потребно да продолжите со третманот.¹
Употребата на Билобил® за време на доењето не се препорачува. Нема доволно податоци за тоа дали метаболитите на гинкото се излачуваат во мајчиното млеко.¹
Посоветувајте се со Вашиот лекар пред да започнете со употреба на Билобил® доколку земате лекови што влијаат врз згрутчувањето на крвта. Тука спаѓаат аспирин, клопидогрел, варфарин, дабигатран и други слични лекови. Истовремената употреба на Билобил® и овие лекови бара зголемена претпазливост поради можниот ризик од крварење.¹
Не комбинирајте повеќе производи за подобрување на помнењето или циркулацијата без претходно да се посоветувате со фармацевт. Некои производи може да содржат исти или слични состојки, како и состојки што може да влијаат врз згрутчувањето на крвта. Фармацевтот може да Ви помогне да избегнете непотребно внесување исти состојки или комбинации на производи што не се препорачуваат.¹
Да. Доколку земате Билобил®, треба да го информирате Вашиот лекар. Како мерка на претпазливост, третманот треба да се прекине 3 до 4 дена пред операцијата, бидејќи препаратите што содржат гинко може да ја зголемат склоноста кон крварење.¹
Посоветувајте се со Вашиот лекар пред да земете Билобил® доколку имате епилепсија. Кај лицата со епилепсија не може да се исклучи појавата на дополнителни напади при употреба на производи што содржат гинко.¹
Како и сите лекови, Билобил® може да предизвика несакани дејства, иако тие не се јавуваат кај секого. Можните несакани дејства вклучуваат главоболка, вртоглавица, болка во стомакот, дијареја, гадење, повраќање, алергиски реакции на кожата, реакции на преосетливост и крварење. Доколку забележите какви било несакани дејства, посоветувајте се со Вашиот лекар или фармацевт.¹
Пред да земете Билобил®, посоветувајте се со лекар или фармацевт доколку земате лекови што влијаат врз згрутчувањето на крвта, имате проблеми со крварење, имате епилепсија, сте бремени или доите, имате закажана операција или земате лекови како што се дабигатран, нифедипин или ефавиренз. Исто така, треба да се посоветувате со лекар или фармацевт доколку симптомите се влошат или не се подобрат по 3 месеци од земањето на Билобил®.

Колку години има Вашиот мозок?
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Овие прашања се од строго информативен и едукативен карактер, тие не се наменети и не можат да ги заменат советите, дијагнозата и/или третманот препишани од страна на лекар.
Д-р Винсент Фортанасце (Vincent Fortanasce), професор по неврологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, предложи тест во 2014 година за рано да се процени можноста за појава на патологии поврзани со менталното здравје кај постарите лица. Во зависност од одговорите во однос на аспектите од вашиот живот, навиките поврзани со спиењето, вежбањето, исхраната, интеракцијата со пријателите или семејството, овој тест ви помага да бидете свесни за придобивките од здравиот начин на живот.
Одговорете со „точно“ или „неточно“ на секој од 25-те искази подолу, означувајќи ги точните одговори.
Референци:
1.Bilobil, SmPC. Krka, d.d. 2. Singh-Manoux A, Kivimäki M, Glymour MM, Elbaz A, Berr C, Ebmeier KP, et al. Timing of onset of cognitive decline: results from Whitehall II prospective cohort study. BMJ. 2012;344:d7622. doi:10.1136/bmj.d7622. 3. Salthouse TA. When does age-related cognitive decline begin? Neurobiol Aging. 2009;30(4):507–14. doi:10.1016/j.neurobiolaging.2008.09.023 4. Goodhew SC, Edwards M. The Cognitive Failures Questionnaire 2.0. Personality and Individual Differences. 2024;218:112472. doi:10.1016/j.paid.2023.112472. 5. Dejakaisaya H, Mahikul W, Na-ek N, Hirunpattarasilp C. Television watching and cognitive outcomes in adults and older adults: a systematic review and dose-response meta-analysis of observational studies. PLoS One. 2025;20(9):e0323863. doi:10.1371/journal.pone.0323863. 6. Klimova B, Dziuba S, Cierniak-Emerych A. The effect of healthy diet on cognitive performance among healthy seniors – a mini review. Front Hum Neurosci. 2020;14:325. 7. Northey JM, Cherbuin N, Pumpa KL, Smee DJ, Rattray B. Exercise interventions for cognitive function in adults older than 50: a systematic review with meta-analysis. Br J Sports Med. 2018;52(3):154-160. 8. Zainal NH, Newman MG. Mindfulness enhances cognitive functioning: a meta-analysis of 111 randomized controlled trials. Health Psychol Rev. 2024;18(2):369-395. 9. Ginkgo folium. Monograph of medicinal plants from the European Union. Herbal Products Science Foundation 2014; 178–210.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на традиционалниот хербален лек консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.


