Дејствата на гинко билоба

Хербални лекови за подобрување на помнењето
Клинички е докажано дека екстрактот од гинко билоба има позитивни ефекти во подобрувањето на благите когнитивни нарушувања, како што се нарушувањата на меморијата и концентрацијата. Поради различните активни состојки (флавонски гликозиди, гинкоголиди и билобалиди), екстрактот од гинко билоба има неколку дејства:
- Ја подобрува циркулацијата на крвта,
- Го зголемува снабдувањето на клетките на мозокот со кислород и гликоза
- Го зголемува капацитетот за учење и ефикасноста на меморијата,
- Антиоксидативно дејство (ги штити нервните клетки од дејството на слободните радикали)

Билобил и меморија и концентрација
Билобил е лек што се препорачува за подобрување на когнитивните нарушувања и квалитетот на животот на пациентите, и присутен е во земјата повеќе од 30 години.
Билобил ги подобрува меморијата и концентрацијата. Содржи квантифициран екстракт од гинко билоба во различни концентрации, што обезбедува зголемено снабдување на мозокот со кислород и на тој начин ја одржува острината на нашиот ум.
Тешкотии со меморијата и концентрацијата
Дали често ги заборавате имињата на колегите, каде сте ги оставиле клучевите или, пак, по купувањето забележувате дека повторно сте заборавиле важни работи? Може да има многу причини за тешкотиите со концентрирањето, учењето или тешкотиите во запомнувањето одредени информации.

Понекогаш стресот, многуте обврски и секојдневните предизвици на работа се причина за заборавањето. Дури и продолженото гледање телевизија може негативно да влијае на концентрацијата и меморијата. За да се реактивира, важно е да се знаат точните причини. Додека на некои луѓе им треба само малку повеќе релаксација и некои вежби за медитација, на други може да им треба нешто поинакво.
Што е заборавање?
Заборавањето се случува кога имаме проблеми со извлекувањето информации од меморијата. Повеќето луѓе веднаш помислуваат на деменција или Алцхајмерова болест. Но, природно е да заборавиме нешто одвреме-навреме, затоа што нашиот мозок автоматски прави селекција од протокот на информации што стигнуваат до нас секој ден.
Што може да влијае на меморијата?
Нарушувањата на меморијата и расудувањето често се поврзуваат со староста, но концентрацијата почнува да опаѓа уште во средовечните години. Нервните клетки стануваат почувствителни, меморијата и перформансите веќе не се во пикот. Постојат и многу други причини за заборавањето:
- стрес и негативни емоции
- анксиозност, депресија
- нарушувања на спиењето
- удари во главата
- нарушувања на циркулацијата
- хронични состојби (хормонални, бубрежни, црнодробни)
- злоупотреба на алкохол или употреба на дрога
- нездрава исхрана итн.
Нашите производи
Билобил форте и Билобил интенс се препорачуваат во симптоматскиот третман на:
- губење на меморијата, нарушувања на концентрацијата;
- патолошки когнитивен дефицит кај постари пациенти;
- депресивни емоционални состојби.
Дневната доза на екстрактот од гинко билоба препорачана од Европската агенција за лекови изнесува 240 mg.
Првите знаци на подобрување вообичаено се забележуваат по 4 недели од третманот со Билобил форте или Билобил интенс. Билобил не се препорачува за употреба кај бремени жени и доилки. Овој производ не е наменет за употреба од страна на деца и адолесценти.
Билобил форте – Препорачаната дневна доза за возрасни (вклучувајќи ги и постарите лица) е една капсула (80 mg екстракт од гинко билоба) два или три пати на ден. За подетални информации за содржината, прочитајте ја тука целата брошура.
Билобил интенс – Препорачаната дневна доза за возрасни и постари лица е една капсула Билобил интенс (120 mg екстракт од гинко билоба) два пати на ден, наутро и навечер. За подетални информации за содржината, прочитајте ја тука целата брошура.
Капсулите Билобил треба да се проголтаат цели, по оброк, со чаша вода.
Предупредувања и мерки на претпазливост: Доколку имате зголемена склоност кон крварење (хеморагична дијатеза) или се лекувате со лекови коишто го спречуваат згрутчувањето на крвта, Билобил можете да го земате само по препорака на вашиот лекар. Поради можниот ефект врз коагулацијата на крвта на лековите што содржат гинко, третманот со Билобил не се препорачува пред операција или кај пациенти со ризик од крварење во мозокот. Пациентите со историја на напади или епилепсија треба да избегнуваат лекови кои содржат гинко, бидејќи тие може да предизвикаат напади.
Каде можам да купам Билобил?
Билобил форте и Билобил интенс може да се купат во која било аптека и онлајн од нашите партнери коишто ја нудат оваа услуга.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ
Овие прашања се од строго информативен и едукативен карактер, тие не се наменети и не можат да ги заменат советите, дијагнозата и/или третманот препишани од страна на лекар.
Д-р Винсент Фортанасце (Vincent Fortanasce), професор по неврологија на Универзитетот во Јужна Калифорнија, предложи тест во 2014 година за рано да се процени можноста за појава на патологии поврзани со менталното здравје кај постарите лица. Во зависност од одговорите во однос на аспектите од вашиот живот, навиките поврзани со спиењето, вежбањето, исхраната, интеракцијата со пријателите или семејството, овој тест ви помага да бидете свесни за придобивките од здравиот начин на живот.
Одговорете со „точно“ или „неточно“ на секој од 25-те искази подолу, означувајќи ги точните одговори.
Референци:
- Kaschel R. Pharm Unserer Zeit. 2009;38(5):432-9.
- Ginkgo folium. Monograph of medicinal plants from the European Union. Herbal Products Science Foundation 2003; 178–210.
- Ginkgo folium. Monograph of medicinal plants World Health Organization (WHO Monographs on Selected Medicinal plants). 1999; Volume 1.
- Paljk M, Vitezič P, Milharčič Simčič M. Bilobil, effective and safe Ginkgo biloba medicine, clinically confirmed, meeting the highest quality standards (Bilobil – clinically confirmed effective and safe Ginkgo biloba medicine satisfying the highest quality standards). Krka Med Farm 2014; 26 (38): 144–54.
- What’s Your Brain Age?, www.terrysmall.com/blog/brain-bulletin-44-your-real-brain-age-take-the-test-
- What else can affect memory, National Institute on Aging (USA), 22 November 2023
Овие лекови може да се издаваат без лекарски рецепт. Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на традиционалниот хербален лек консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.