Сè е полесно кога грлото е здраво

5 мин читање

Можеме да гледаме на животот како пријатна претстава во која многу уживаме. Но ненадејната појава на болно грлоцелосно ја менува претставата и го нарушува нашето пријатно секојдневие. Тогаш при рака сакаме да имаме ефикасно решение кое ќе ни помогне колку што е можно побрзо да се чувствуваме колку што е можно подобро.

Болки во грлото и тешкотии при голтање

Болката во грлото е поврзана со различни симптоми, од кои најчести се: непријатно чешање и гребење во грлото, печење, болка при голтање, сувост на грлото и голтникот, оток и воспаление на мукозната мембрана, како и засипнатост и болка при зборување. Најнепријатниот аспект на воспаленото грло е болката при голтање бидејќи ги спречува основните функции, што може да биде доста непријатно.

VSVZ55SI-zdravo grlo-Krka-deklica-grlo-w1650

Акутната болка во грлото е обичнопредизвикана од инфекција

Многу луѓе веруваат дека настинката е предизвикана од изложеност на ладен воздух и провев. Научниците го тврдат спротивното и велат дека ниту храната, ниту зголемената физичка активност, ниту зголемените крајници во усната шуплина немаат никакво влијание врз инфекцијата. (1)

Симптомите на силна болка во грлото честопати ги сфаќаме како ангина и мислиме дека треба да земеме антибиотик. Ангина е болест која се јавува помеѓу детството и раните 20-ти години. Кај возрасните, вистинските случаи на ангина се ретки бидејќи тоа е обично вирусна инфекција која не бара антибиотици. (2)

Вирусите се најчеста причина за акутно болно грло, одговорни за 90% од сите случаи. На второ место се бактериите, а во помала мера физичката или хемиската иритација. Акутниот фарингитис е една од најчестите заразни болести, но точната инциденца не е позната бидејќи пациентите ретко се консултираат со лекар. Најчесто се јавува кај деца постари од 3 години и кај возрасни меѓу 18 и 40 години. (3)

Тестовите потврдуваат дека психолошкиот стрес, менструалниот циклус, зачадените и слабо проветрени простории, како и алергиските болести влијаат на зголемената подложност на инфекции на респираторниот тракт. (3, 4)

Лекување на болки во грлото

Во просек, возрасните имаат од 2 до 4 настинки годишно, а децата од 6 до 8. Постојат повеќе од 200 различни видови на вируси кои предизвикуваат настинки и затоа откако еден од нив ќе ни предизвика настинка, не стануваме имуни на други вируси. (5)

Во случај на благ облик на воспаление или инфекција на горниот респираторен тракт, можеме да ги преземеме работите во свои раце. Микроорганизмите се постојано присутни во устата и грлото. Ензимите и антителата во плунката и мукозната мембрана на устата се првата линија на одбрана од поширока инфекција. Доколку одбраната на мукозната мембрана е залабена, односно во случај на послаб имунолошки систем, хронична болест или негативно влијание од околината, може да дојде до зголемување на бројот на микроорганизми кои предизвикуваат воспаление и инфекција на горниот респираторен тракт. (6)

Бидејќи инфекциите најчесто се предизвикани од вируси (90 % од случаите), лекувањето е симптоматско, што значи дека неговата цел е што поскоро да се ублажат симптомите на инфекцијата. Се препорачува да се земаат орални антисептици кои ќе ги уништат микроорганизмите и ќе го спречат ширењето на инфекцијата. Бидејќи воспаление и болка во грлото се многу честа комбинација, самолекувањето може да биде уште поефикасно ако содржи и локален аналгетик кој делува против болка и воспаление. (3, 4)

Самите можеме да направиме многу за да спречиме вирусни и бактериски инфекции. Светската здравствена организација советува редовно и темелно миење на рацете. Правилното миење на рацете треба да трае онолку колку што е потребно за двапати да се отпее песната Среќен роденден. (7)

Болно грло, тука завршува твојата претстава!

Кога лекувате болка во грлото, важно е да се ублажат симптомите и исто така да се отстрани причината за инфекцијата. Кога ве боли грлото и ви треба брзо и ефикасно решение, пастилите се вистинскиот избор на средства кои секогаш е добро да ги имате при рака. Септолете тотал* пастилите и спрејовите се издвојуваат меѓу производите за третман на чувствителност и болки во грлото поради својот специјален состав.

Нивната тројна моќ истовремено:

  • брзо ја ублажува болката,
  • го намалува воспалението и
  • ја отстранува причината за инфекцијата.
Septolete-duo

Септолете тотал е сигурен избор за болки во грлото во сите фази, од благо гребење до досадна болка. Изберете тројна моќност и кажете му на болното грло: „Твојата игра заврши!“

Литература

  1. Castellani JW, M Brenner IK, Rhind SG. Cold exposure: human immune responses and intracellular cytokine expression. Med Sci Sports Exerc. 2002 Dec;34(12):2013-20.
  2. Tonsilitis [internet]. The Royal Children’s Hospital. [cited 2021 Jul 8].
    Available from: https://www.rch.org.au/kidsinfo/fact_sheets/Tonsillitis/#:~:text=It%20is%20common%20for%20tonsils,fever%20can%20cause%20severe%20tonsillitis.
  3. Worrall G. Acute sore throat. Can Fam Physician. 2011;57(7):791-794.
  4. Sore Throat 101: Symptoms, Causes, and Treatment [internet]. Healthline [cited 2021 Jul 8]. Available from: https://www.healthline.com/health/sore-throat#symptoms
  5. Heikkinen T, Järvinen A. The common cold. Lancet. 2003;361(9351):51-59.
  6. Fábián TK, Hermann P, Beck A, Fejérdy P, Fábián G. Salivary defense proteins: their network and role in innate and acquired oral immunity. Int J Mol Sci. 2012;13(4):4295-4320.
  7. Handwashing can’t stop – millions of lives are at stake [internet]. World Health Organization [cited 2021 Jul 8]. Available from: https://www.who.int/novosti-room/commentaries/detail/handwashing-can-t-stop-millions-of-lives-are-at-stake