Mилениците се драги членови на нашето семејство. Со нив ги споделуваме просторот за живеење и времето, тие ни помагаат да создадеме убави спомени. Но понекогаш знаат да ни донесат изненадувања кои не се толку пријатни.
Покрај среќата и топлината, мачките и кучињата носат несакани посетители во нашите домови скриени во крзното, дигестивниот систем и други места. Најчесто станува збор за болви, крлежи и внатрешни паразити. Бидејќи тие може да бидат опасни по здравјето на луѓето и животните, сопствениците на кучиња и мачки не смеат да ја занемарат редовната и целосна заштита на своите миленици од уши до опашка. На овој начин се заштитувате и себеси и другите членови на вашето семејство.

НАДВОРЕШНИТЕ ПАРАЗИТИ ПРЕНЕСУВААТ РАЗЛИЧНИ ПАТОГЕНИ
Болвите, крлежите, комарците, гнидите и вошките се едни од најчестите надворешни паразити. Нивните каснувања предизвикуваат непријатност и чешање и пренесуваат различни патогени.
БОЛВИТЕ предизвикуваат повеќе од половина од кожните реакции кај домашните миленици. Наездата од болви кај домашните миленици е тешко да се контролира. Само 5 % од болвите се на вашето куче или мачка. Останатите 95 % се кријат во околината во форма на јајца, ларви и кукли. Болвите предизвикуваат алергиски реакции и шират опасни микроорганизми, најчесто тенија, коишто ги пренесуваат на кучињата и мачките, па дури и на луѓето. Токму затоа е неопходно вашиот миленик да прими и лек против внатрешни паразити при секое лекување на наезда од болви.
КРЛЕЖИТЕ пренесуваат бројни болести, на пример: борелиоза (Лајмска болест), анаплазмоза и бабезиоза. Превенцијата е исклучително важна бидејќи во некои случаи овие болести не можат да се излечат, што значи дека животните може да ги чувствуваат последиците во текот на целиот живот. Крлежите стануваат активни кога просечната дневна температура ќе се искачи над 5 °C. Може да се добие инфекција и во урбаните средини бидејќи крлежите живеат на тревниците пред куќите и во парковите.
ВНАТРЕШНИТЕ ПАРАЗИТИ СЕ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО НА МИЛЕНИЦИТЕ И ЛУЃЕТО
Тенијата и глистите се двата најчести внатрешни паразити. Постои посебен ризик за инфекција кај возрасните, а уште повеќе кај децата коишто доаѓаат во близок контакт со домашни миленици.
Животните инфицирани со цревни паразити најчесто не покажуваат никакви клинички симптоми. Внатрешните паразити може да предизвикаат разни непријатни симптоми, особено кај кученцата и мачињата. Симптомите може да вклучуваат подуен стомак, дијареја, повраќање, анемија, респираторни нарушувања, па дури и слепило.
Најчести паразити кај кучињата и мачките кои се опасни за луѓето се ехинококата, тенија што ја пренесуваат болви и глисти од кучиња и мачки.
ЗАШТИТЕТЕ ГИ МИЛЕНИЦИТЕ И СЕМЕЈСТВОТО ОД ПАРАЗИТИ
Крка нуди целосен асортиман на заштита за кучиња и мачки. Таблетите со вкус и растворите за накапување ефикасно ги штитат вашите миленици од внатрешни и надворешни паразити. Бидејќи во одредени случаи лекувањето е неуспешно, превенцијата е единствениот начин да се погрижите за здравјето на животните. Превенцијата е безбедна и ефикасна. Исто така, се погриживме нашите производи да бидат лесни за употреба. Растворот за накапување Фиприст комбо* ја доби наградата Easy to Give од организацијата International Cat Care.

Интересни факти
- Досега во светот се забележани повеќе од 2.500 видови болви. Најчест вид е мачешката болва (Ctenocephalides felis), којашто е широко распространета и е застапена на сите континенти освен на Антарктикот.
- Една женка од кучешкиот паразит Toxocara може да снесе до 20.000 јајца дневно. Кученцата се заразени уште пред да се родат, а еден грам измет може да содржи повеќе од 10.000 јајца.
- Во текот на неколку години, цистите на кучешка тенија може да достигнат големина колку детска глава.
- Патувањето во јужна Европа или посвојувањето на животни од јужна Европа е важен фактор за зголемување на застапеноста на лајшманиоза, којашто ја шират песочни мушички. Во ендемските делови на Европа, заразени се до 30 % од кучињата. Бидејќи се работи за зооноза, се препорачува да го заштитите вашето куче со производи кои содржат перметрин.