Д-р Анита Коцевска специјалист оториноларинголог
Болката во грлото е една од најчестите состојби во секојдневната медицинска практика. Ждрелото, како важен дел од респираторниот и дигестивниот систем, секојдневно е изложено на бактерии вируси, алергени и иритирачки материи. Поради директната изложеност на надворешните влијанија, воспаление на фарингеалната лигавица се развива мошне брзо.
Причини за болка во грлото:
- Вирусни инфекции (најчеста причина)
- Бактериски инфекции – особено стрептококни
- Алергиски реакции
- Гастроезофагеален рефлукс
- Иритираност од загаден или сув воздух
- Преморен глас, пушење, студени пијалоци
Клиничката слика
Клиничката слика може да биде од лесна непријатност во грлото, печење, гребење, болка при голтање, чувство на суво и напнато грло, до силна болка која го отежнува говорот и исхраната.
Дијагноза
Дијагноза се поставува врз основа на преглед, брис од грло и лабораториски анализи.
Терапијата
Терапијата зависи од причината. Кај вирусните инфекции се препорачуваат одмор, хидратација и локални препарати. Кај бактериски инфекции, потребно е навремено започнување со антибиотик, за да се спречат компликации. Голема улога во третман на болно грло имаат локалните антиинфламаторни медикаменти кои го намалуваат отокот, ја намалуваат болката и овозможуваат побрзо закрепнување.