Одговорно деловно однесување
Ние сме друштво со долга традиција. Нашата успешна деловна приказна се темели на интегритет и посветеност на највисоките етички стандарди. Како една од водечките генерички фармацевтски компании во светот, свесни сме за нашите должности и можности во помагањето да се формира одговорна деловна средина. Внимателни сме при извршувањето на нашите активности и го разбираме и земаме предвид долгорочното влијание на економските активности врз општествената средина како целина.
Корпоративна усогласеност
Нашиот интегритет се заснова на: етика, корпоративна усогласеност и ефективно управување со ризикот.
Нашите основни етички принципи се: почитување, соработка, беспрекорност и интегритет на управување.
Корпоративната усогласеност осигурува дека компанијата и нејзините вработени се придржуваат до сите релевантни прописи, меѓународни стандарди и упатства, како и дека компанијата правилно соработува со регулаторните тела. Корпоративното усогласување во рамките на компанијата се заснова на неколку политики и внатрешни правила, коишто детално ги опишуваат активностите и одговорностите поврзани со спроведувањето на процесите за да се обезбеди минимално нарушување на деловното работење и минимален ризик од прекршување на прописите, стандардите, политиките на компанијата и внатрешните правила.
Управувањето со различните ризици за корпоративна усогласеност е интегрирано во сите деловни процеси на Крка и овозможува идентификација и управување со фактори кои би можеле да го загрозат постигнувањето на стратегиските и деловните цели на компанијата и на целата Групација Крка.
Почит и соработка
Нашата работасе темелите на: еднакви можности за сите, почитување на правните норми и етички пристап кон луѓето и пошироката општествена заедница. Свесни сме дека партнерството и довербата значително влијаат врз деловниот успех на Крка и затоа ја охрабруваме соработката со сите чинители врз основа на меѓусебно почитување и вреднување на различни мислења, која е насочена кон зголемување на вредноста на целата групација Крка.
Беспрекорност
Придонесуваме за подобар квалитет на животот за сите луѓесо производство на ефективни, квалитетни и безбедни лекови, како и со други производи. Развиваме иновативни производи и се трудиме да ги направиме колку што е можно подостапни.
Нашето истражување и развој, како и нашата соработка во медицинската област и со деловните партнери ни помагаат да го подобриме нашето знаење во областа на фармацијата и да придонесеме за развој на квалитетни лекови.
Посветени сме на чесно, сеопфатно и навремено обезбедување на информации за нашите производи.
Внимателно ги штитиме сите информации за Крка, за нашите деловни партнери и за трети страни коишто ги добиваме за време на нашето работење и деловни активности.
Со сите лични податоци на вработените и на трети лица мора да се постапува внимателно, на транспарентен начин и во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Интегритет на управувањето
Примерите коишто ги утврдува Управата се клучни, поради што сите наши извршни менаџери ги отелотворуваат клучните вредности на Крка. Нивните добри примери ги охрабруваат другите вработени и со тоа придонесуваат за зајакнување на интегритетот на целата компанија.
Одговорното лице за усогласеност на работењто е одговорно за корпоративната усогласеност на највисоко ниво.
Нашето високо раководство е одговорно за подигање на свеста за корпоративна усогласеност и за корпоративна усогласеност во поединечните деловни единици. Тие мора да се погрижат сите вработени да бидат информирани и да се придржуваат до сите прописи, упатства и стандарди. Вработените во својата работа се подложени на редовна едукација и обука и се запознаени со последиците од несоодветното однесување.
Корпоративен интегритет
Во Крка ги следиме принципите на нулта толеранција за сите форми на измама, злоупотреба и нефер маркетинг-практики. Одговорното лице за усогласеност на работењто ја надгледува доследната усогласеност со правилата и работи со ефикасен систем за подигање на свеста и справување со несоодветното однесување.
Нашиот основен принцип е дека сите одлуки се носат во најдобар интерес на Крка, затоа мора да избегнуваме ситуации за кои би можело да се помисли дека станува збор, пред сѐ, за нашите лични интереси, а не за интересите на Крка.
Односите помеѓу фармацевтската индустрија и медицинското поле се заснова на строги етички стандарди, регулативи и упатства, коишто ги земаме предвид во сите наши деловни операции.
Ги почитуваме прописите за управување со заштитата на конкуренцијата и на ниту еден начин не ја спречуваме, ограничуваме или нарушуваме конкуренцијата.
Ги намалуваме ризиците од неусогласено однесување што произлегува од деловните односи со редовна проверка на нашите клиенти, добавувачи и други деловни партнери. На овој начин можеме да спречиме можна штета на угледот на Крка и деловни загуби.
Корпоративна општествена одговорност
Ја демонстрираме нашата општествена одговорност со поддршка на различни активности во средината во која живееме. Учествуваме во хуманитарни активности и во активности кои промовираат напредок во областа на науката, образованието и културата и кои помагаат да се заштити нашата животна средина.
Се грижиме за животната средина и ги почитуваме прописите за заштита на животната средина и соработуваме со локалната заедница и пошироко од неа.
Свесност
Само со доследно следење на правилата за корпоративна усогласеност можеме да постигнеме одлични резултат да го зголемиме задоволството на нашите корисници и со тоа постојано да ја зајакнуваме нивната доверба во Крка.
Ја дочекуваме иднината со оптимизам и веруваме во мисијата на Крка, како и знаењето и искуството на нашите вработени. Сакаме Крка да биде препознаена низ целиот свет како компанија со јасна визија, врвен квалитет на производи, вредности и одговорно корпоративно однесување.