Придружете ни се
СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД ПОСВЕТЕН ТИМ
Ги препознаваме талентираните поединци и ја градиме иднината околу нив
СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТААктивни огласи
Би сакале ли да имате КРеативна КАриера?
Заради проширување на маркетинг тимот на Крка отворена е:
РАБОТНА ПОЗИЦИЈА – СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ТЕРИТОРИЈА НА ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА
ВАШ ПРИДОНЕС
- промоција на лекови на територија на Источна Македонија (определено време од 12 месеци, со можност за продолжување)
ОЧЕКУВАМЕ
- завршени универзитетски студии – Медицински, Фармацевтски или Стоматолошки факултет
- одлично познавање на англиски јазик
- искуство во работа со компјутери и смарт уреди
- возачка дозвола категорија “Б“
- комуникативна, решителна и самоиницијативна личност
- способност за тимска работа
- одлични комуникациски и организациски способности
- подготвеност за работа на терен и отсуство од местото на живеење
НУДИМЕ
- работа во меѓународна бизнис средина
- професионален и едукативен развој
- одлични услови за работа
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија и писмо за интерес во рок од 7 дена од денот на објавување на конкурсот на следната адреса: ул.„Христо Татарчев-1“ бр.101, 1000 Скопје или на e-mail: info.mk@krka.biz
Огласот е објавен на 13.06.2025 година.
Kандидатите ќе се селектираат по пат на интервју и тестирање.