
Хербион производи
Сирупите Хербион третираат различни проблеми со кашлица и засипнатост
- За целото семејство
- Со одличен вкус
- Клинички докажана ефикасност и безбедност
Откријте ги производите Хербион
Истражете ја палетата на Хербион, формулирани со хербални екстракти познати по нивните повеќекратни корисни дејства. Докажано е дека сирупите Хербион помагаат при различни проблеми со кашлицата, обезбедувајќи ослободување од иритација, сува кашлица и засипнатост, а истовремено помагаат и за полесно искашлување на секретот.
КАШЛИЦА КАЈ ДЕЦАТА: ЧЕСТА ЗАГРИЖЕНОСТ ЗА РОДИТЕЛИТЕ
Иако често е безопасно, кашлањето кај децата може да предизвика значајна загриженост кај родителите. Се смета дека повеќе од 30% од децата на возраст од над 1 година доживуваат различни болести придружени со кашлица.
Дали знаевте дека кашлицата е една од главните грижи за посета на лекарска ординација? Сепак, стравот е оправдан бидејќи кашлицата може да се влоши доколку не се лекува навремено. Истражувањата покажуваат дека до 12% од децата развиваат компликации, помеѓу кои се и бронхитис и пневмонија. За да избегнете несакани последици, важно е да започнете со третман на кашлицата што е можно поскоро.
Покрај здравствените проблеми, кашлицата ги нарушува плановите на целото семејство. Кај децата кашлицата влијае и на:
- Проблеми со спиењето
- Отсуство од училиште, градинка или воннаставни активности
- Ја намалува продуктивност во учењето
Овие проблеми влијаат на квалитетот на животот на децата и предизвикуваат загриженост и фрустрација кај нивните родители.
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА КАШЛИЦА КАЈ ДЕЦАТА
Идентификувањето на кашлицата на вашето дете е клучно за правилен третман. Кашлицата се категоризира според времетраењето и типот.
Поделба на кашлицата според времетраењето
- Акутна кашлица: трае до 3 недели, често предизвикана од вирусни инфекции. Честа појава кај децата на училишна возраст, коишто може да ја доживеат 7-10 пати годишно. Околу 50% заздравуваат во период од 10 дена.
- Субакутна кашлица: трае 3-8 недели, обично резултат на пролонгирана вирусна или бактериска инфекција.
- Хронична кашлица: трае повеќе од 8 недели, што укажува на можна инфекција на долниот респираторен тракт.
Поделба на кашлицата во зависност од постоењето на секрет
- Сува кашлица: вообичаено и често се лекува со лекови што се издаваат без рецепт. Се чувствува како скокоткање во грлото, обично предизвикано од настинка или грип, но може да биде предизвикано и од прашина, сув или загаден воздух.
- Влажна „ продуктивна“ кашлица: го чисти секретот од грлото и бронхиите, вообичаено со настинки, грип или бронхитис. Се третира со експекторанси.
- Бронхитис: воспаление на бронхијалните туби, кое трае помалку од 3 недели, со симптоми како густа слуз, течење на носот, замор и покачена телесна температура.
- Бронхиолитис: вирусна инфекција која ги воспалува малите дишни патишта, ги зафаќа малите деца и доенчињата. Симптомите вклучуваат кашлање, губење на здив и свирење во градите.
- Пневмонија: инфекција на белите дробови со симптоми како кашлица, покачена телесна температура и отежнато дишење. Потребен е медицински третман.
- Фарингитис (болки во грлото): инфекција на фаринксот што предизвикува црвено грло, болка, отежнато голтање и сува кашлица.
- Ларингитис: воспаление на гркланот, што предизвикува засипнатост, сува кашлица, болки во грлото, а понекогаш и рапав звук на дишењето.
- Трахеитис: воспаление на душникот, често бактериско, што предизвикува кашлица, покачена телесна температура и отежнато дишење.
- Голема (магарешка) кашлица (пертусис): многу заразна, проследена со карактеристичен „рапав“ звук. Карактеристична е кај деца на возраст од 1-5 години. Раната дијагноза и третман се клучни за справување со големата кашлица и спречување на нејзиното ширење, затоа консултирајте се со здравствен работник доколку се сомневате дека вашето дете ја има.
- Кашлица со свирење во градите: високо фреквентно свирење при дишењето, поврзано со респираторни алергии или астма. Консултирајте се со педијатар доколку се појави.
Порекнување на одговорност: оваа информација е наменета за општи цели и не е замена за стручни медицински совети. Секогаш консултирајте се со лекар за медицински проблеми.

ЛЕКУВАЊЕ НА КАШЛИЦАТА НА ВАШЕТО ДЕТЕ
Како родители, секогаш му давате приоритет на здравјето на вашето дете.
Ако кашлицата на вашето дете е погодна за самолекување, Хербион нуди ефикасни хербални решенија. Хербион е специјализиран за различни сирупи наменети и за децата и за целото семејство. Овие лекови обезбедуваат ефикасно олеснување прилагодено на специфичниот тип на кашлица на вашето дете, обезбедувајќи полесно закрепнување.
Сирупите Хербион имаат пријатни вкусови што децата ги сакаат, што им го олеснува земањето на лекот.
Хербион сирупот од исландски лишај и Хербион сирупот од бршлен не содржат шеќер. Сите Хербион сирупи се без глутен и лактоза.
Кашлицата кај децата може дополнително да се ублажи со домашни лекови како што се инхалација, топол чај или мед.
Од друга страна, ако кашлицата кај вашето дете не се подобри или пак дури и се влоши по една недела на самолекување или се присутни други симптоми коишто може да укажуваат на болест (како што е покачена телесна температура), од клучно значење е веднаш да се консултирате со здравствен работник.

КОГА ТРЕБА ДА ОДИТЕ НА ПЕДИЈАТАР
- Доколку сметате дека вашето дете проголтало или вдишило туѓ предмет
- Доколку вашето дете продолжи да кашла повеќе од 7 дена во континуитет
- Доколку детето има покачена телесна температура, која трае повеќе од 3 дена
- Ако вашето дете е помладо од 1 година и кашла
- Ако детето има проблеми со дишењето или пак дише забрзано
- Доколку искашланиот секрет содржи крв
- Доколку се искашлува зелен секрет
- Ако вашето дете доживува повторувачка ноќна кашлица
- Ако кашлицата не се подобри или пак дури и се влоши по 1 недела од третманот
ДА ЈА РАЗБЕРЕМЕ КАШЛИЦАТА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ
Кашлицата е нормален заштитен рефлексен механизам со кој се отстранува прашина, слуз и други честички од дишните патишта и белите дробови. Сепак, прекумерното кашлање може да создаде циклус на иритација и воспаление, што доведува до постојани напади на кашлица во текот на денот и ноќта.
Кашлицата е исто така симптом на инфекции на горниот респираторен тракт, како што се обичната настинка и грипот. Овие состојби, каде што кашлицата е примарен симптом, се причина за неостварени планови, боледување, нарушен сон и намалена продуктивност.
РАЗЛИЧНИ ТИПОВИ НА КАШЛИЦА
Различните типови на кашлица потребно е различно да се третираат, и тие најчесто се класифицираат врз основа на присуството на секрет во дишните патишта:
- Влажна, продуктивна кашлица: се карактеризира со производство и акумулација на бронхијален секрет. Продуктивната кашлица најчесто е предизвикана од настинка или грип и може да ги придружува состојбите како бронхитис, бронхиолитис или пневмонија. Тие се третираат со експекторанси, коишто го разводнуваат густиот секрет и го поттикнуваат кашлањето.
- Сува кашлица: позната и како непродуктивна кашлица, не произведува секрет. Често се чувствува како иритација во задниот дел на грлото, предизвикувајќи рефлекс на кашлица. Сувата кашлица често е предизвикана од вирусни инфекции на горните дишни патишта, како што се настинка, грип, фарингитис и ларингитис. Овој тип на кашлица може да биде особено вознемирувачки во текот на ноќта. Сувата, надразнителна кашлица може да се третира со антитусици, кои ја потиснуваат или смируваат кашлицата.

Не сте сигурни како да разликувате сува и продуктивна кашлица?
Слушнете како звучи сувата, а како продуктивната кашлица за да ви помогне да го идентификувате типот на кашлица што го имате.
Сува кашлица

Продуктивна кашлица

ТРЕТМАН НА КАШЛИЦАТА: БРЗИ РЕШЕНИЈА И КОГА ДА ПОБАРАТЕ ПОМОШ
Кога ќе ви се појави кашлица, потребно ви е брзо решение. Сирупите што се издаваат без рецепт може да бидат ефикасни, но важно е да го изберете вистинскиот лек за вашата состојба.
Природни решенија за различни типови на кашлица
Размислете за природни сирупи, како што се производите Хербион. На коишто им веруваат корисници, фармацевти и лекари во повеќе од 30 земји. Производите Хербион се погодни за целото семејство.
- Хербион сируп од исландски лишај: Ја смирува сувата, надразнителна кашлица, засипнатоста и болките во грлото.
- Хербион сируп од бршлен: Помага при искашлување на секрет при влажна (продуктивна) кашлица.
- Хербион сируп од тегавец: Ја олеснува сувата, надразнителна кашлица.
- Хербион сируп од јаглика: Помага при искашлување на секрет при влажна (продуктивна) кашлица.
Важноста на навременото лекување
Нелекуваната кашлица може да доведе до низа проблеми коишто го нарушуваат секојдневниот живот и целокупната благосостојба. Постојаното кашлање може:
- Да ги прекине секојдневните активности и да ја намали продуктивноста
- Да го наруши сонот, што доведува до лош квалитет на спиењето и влијае на расположението
- Да доведе до посериозни здравствени проблеми доколку секретот остане во дишните патишта или доколку инфекцијата се прошири на долниот респираторен тракт.
Кога да побарате совет од лекар?
Кога ќе почнете да кашлате, веднаш дејствувајте за да ја намалите сериозноста на кашлањето. Доколку кашлицата не ви се подобри по една недела на самолекување, треба да посетите лекар, бидејќи тоа може да биде симптом на посериозен проблем. Лекарот може да ја процени кашлицата, да ја утврди причината и да одреди како треба да се третира кашлицата или болеста што ја предизвикува.

Референци
1. Worrall G. Acute cough in children. Can Fam Physician. 2011; 57: 315-8.
2. Chung KF, Pavord ID. Prevalence, pathogenesis, and causes of chronic cough, Ce Lancet, 2008; 371 (9621):1364–1374.
3. Dicpinigaitis PV, Colice GL, Goolsby MJ, Rogg GI, Spector SL, Winther B. Acute cough: a diagnostic and therapeutic challenge. Cough. 2009; 5:11.
4. Kakhramanova SD, Bokov D, Rendyuk TD, et al. Evaluation of the nomenclature of herbal expectorants on Russian pharmaceutical market: Current status and future prospects. Sys Rev Pharm 2020; 11 (6): 196-205
5. Madjar B. Kašelj. In: Pisk N, editor. Samozdravljenje: priročnik za bolnike. Ljubljana; Slovenian Pharmaceutical Society, 2011: 46–58.
6. Praprotnik M, Zupanić M, Lozej T, et al. Kašelj pri otrocih. Zdrav Vestn. 2017; 86: 212–25.
7. Meneghetti A. Upper Respiratory Tract Infection. Medscape [internet]. 2020 [cited 2021 Nov 5]. Available from: https://emedicine.medscape.com/article/302460
8. Thomas M, Bomar PA. Upper Respiratory Tract Infection. [Updated 2020 Oct 28]. In: StatPearls [Internet]. Treasure Island (FL): StatPearls Publishing; 2021 Jan-. Available from: https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK532961
9. Grief SN. Upper respiratory infections. Prim Care. 2013; 40 (3): 757–70.
10. “Kaj Je Kašelj? | Ezdravje”. Ezdravje.Com, 2021, https://www.ezdravje.com/novice/prehlad-in-gripa/kaj-je-kaselj/3629/.
11. Aranow C. Vitamin D and the immune system. J Investig Med. 2011; 59 (6): 881-6.
12. Perotin JM, Launois C, Dewolf M, et al. Managing patients with chronic cough: challenges and solutions. Ther Clin Risk Manag. 2018; 14: 1041-51
13. Uranič N, Barbič-Žagar B. Efficacy and safety of Herbion ivy syrup in patients with cough in acute bronchitis: comparison with a competitive brand with the same composition. Krka Med Farm 2014; 26 (38): 156–162.
14. Barbič-Žagar B, Debelak T, Čežina A, Herman A. Efficacy and Safety of Ivy Leaf Extract 35 mg Lozenges in Patients with Cough in Acute Bronchitis: A Comparison with the Reference Product. Med Razgl. 2020; 59 (4): 507–18
15. Herbion Iceland moss syrup: SmPC.
16. Herbion plantain syrup: SmPC.
17. Herbion ivy syrup: SmPC.
18. Herbion ivy lozenges: SmPC.
19. Herbion cowslip Syrup: SmPC.
20. Herbion Iceland moss lozenges: SmPC
Најчесто поставувани прашања
Да! Хербион е одлично решение за различни проблеми со кашлицата, почнувајќи од иритација на грлото, сува кашлица и за искашлување на секрет. Сирупите Хербион може да се користат од првите денови на кашлица кај децата (1+, 2+) и возрасните поради повеќекратните дејства на неговите билни состојки.
Хербион е одличен избор за третман на кашлица, којшто нуди ефикасни природни сирупи со повеќекратни придобивки за различни проблеми со кашлицата и засипнатоста. За различни типови на кашлица потребен е различен пристап во лекувањето, а Хербион нуди решение за секој од нив. Хербион сирупите содржат специфични активни состојки кои овозможуваат ефикасен третман на сува или продуктивна кашлица.
На пример, Хербион сирупот од бршлен за продуктивна кашлица содржат сув екстракт од лист од бршлен којшто ги релаксира бронхијалните мускули, ја намалува вискозноста на секретот, олеснувајќи го искашлувањето. Наспроти тоа, Хербион сирупот од тегавец и Хербион сирупот од исландски лишај содржат мукозни полисахариди (полисахариди составени од големи молекули на шеќери и уронски киселини поврзани со гликозидни врски) кои ја смируваат слузницата на горниот респираторен тракт, ублажувајќи ја сувата, надразнителна кашлица.
Апсолутно! Хербион е природно решение за различни проблеми со кашлица кај децата уште од првите денови на кашлицата. Хербион сирупот од исландски лишај и Хербион сирупот од бршлен се погодни за деца на возраст од 1+ и 2+, соодветно. Хербион сирупот од тегавец и Хербион сирупот од јаглика се соодветни за постарите деца. Овие сирупи содржат природни билни екстракти, имаат пријатен вкус, а некои (како Хербион сирупот од исландски лишај и Хербион сирупот од бршлен) содржат сорбитол наместо шеќер. Покрај тоа, формулацијата на сируп е погодна за деца. Дознајте повеќе за справувањето со кашлицата кај децата и изберете го вистинскиот Хербион производ за вашето дете.
Хербион сирупот од бршлен се произведува според упатствата на ЕМА (Европска Агенција за Лекови), коишто советуваат да не се користи сув екстракт од лист од бршлен кај деца на возраст под 2 години поради потенцијалното влошување на респираторните симптоми. Консултирајте се со вашиот лекар во врска со соодветната терапија за кашлица за вашето дете.
Кашлицата може да се влоши доколку не се лекува навремено. Кај приближно 12% од децата со кашлица, може да се развијат компликации како бронхитис и пневмонија. Затоа, од клучно значење е да се започне со третман веднаш по идентификувањето на видот и причината за кашлицата. Раниот третман може да ги ублажи симптомите на сува и продуктивна кашлица, да ја намали веројатноста за компликации и да го скрати времетраењето на болеста. Дополнително, навременото лекување позитивно влијае на целокупното здравје и секојдневните активности на пациентот.
*Извор: Worrall G. Acute cough in children. Can Fam Physician. 2011; 57(1):48-51.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на традиционалниот хербален лек и лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.