LEGAL NOTICES APPLICABLE TO KRKA`S EVENTS FOR EXTERNAL PUBLIC

NORTH MACEDONIA

НАСТАНИ СО ЛИЧНО ПРИСУСТВО ЗА НАДВОРЕШНАТА ЈАВНОСТ

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ 

КРКА ФАРМА ДООЕЛ Скопје, ул. Христо Татарчев-1 бр. 101, 1000 Скопје, Република Северна Македонија ги обработува вашите лични податоци за следниве цели: да ја комплетира вашата регистрација за овој настан, да организира превоз до и од местото на одржување, да ви резервира сместување за време на настанот доколку патувате до местото на одржување и таму престојувате во хотел, за да ве информира за настанот и за даночни цели. Правната основа за горенаведената обработка на лични податоци е вашата лична согласност (ако сте се пријавиле за настанот преку веб-страна или сте биле поканети од страна на претставник на Крка и сте се согласиле да учествувате на настанот) и даночните закони, доколку се применуваат. КРКА ФАРМА ДООЕЛ Скопје ги зачувува вашите лични податоци во EventApp на своите сервери во Словенија; Меетпоинт, д.о.о. е компанија од Словенија која е креатор на апликацијата за организацијата на овој настан и ќе има пристап до вашите лични податоци само во случаи каде што таа обезбедува техничка поддршка. Вашите лични податоци нема да се чуваат во EventApp подолго од потребното време за целите за кои се прибрани, по што ќе бидат анонимизирани.

За дополнителни информации за вашите права во врска со обработката на личните податоци и за самата обработка на податоците, вклучувајќи и податоци за службеникот за заштита на податоци на Крка, обратете се на robert.gulija@krka.biz.

ФОТОГРАФИРАЊЕ И/ИЛИ СНИМАЊЕ

Настанот се фотографира и/или снима за целите на документирање и архивирање, како и испраќање на фотографии или видеа до учесниците, вршење на најави во внатрешните медиуми на Крка, информирање на јавноста во надворешните медиуми и на социјалните мрежи.

Вашето присуство на настанот значи дека се согласувате со објавување на фотографии и снимки во печатени и електронски медиуми. Доколку не сакате да бидете фотографирани и/или снимани, треба да ја известите Крка пред почетокот на настанот и да ги следите упатствата. Можете да прочитате повеќе за Крка како контролор на лични податоци, за вашите права и политиката на Крка за заштита на личните податоци на www.krka.biz/en (или на вашата локална веб-страница на Крка ).

Снимањето и/или фотографирањето не е дозволено. Ве молиме имајте предвид дека мора да се добие писмено одобрение од одделот за Односи со јавност (public.relations@krka.biz) за објавување во печатени или дигитални медиуми заради рекламирање, приватни или други цели, на било какви фотографии, видеа и/или звучни записи што се направени во просториите на Крка, како и за сите текстови во кои се споменуваат Крка и/или нејзините вработени.

ИЗЈАВИ ЗА ОДГОВОРНОСТ

Организаторот или хотелот нема да преземе одговорност за било каква кражба, губење или оштетување на лични предмети, па затоа ве советуваме да ги чувате вашите пари и вредни предмети цело време со себе или безбедно да ги чувате во сефот во вашата хотелска соба.

Со секоја опрема во сопственост на Крка што ја користите треба да се постапува внимателно и со потребната претпазливост. Во случај на дефекти, уништување, загуба или кражба како резултат на невнимателно и несовесно однесување, треба да покриете дел од трошоците за поправка или трошоците за набавка на нова опрема. Ова е наведено детално во Упатствата за воспоставување на лична одговорност при ракувањето со опремата во сопственост на Крка, д.д., Ново место. 

ОНЛАЈН НАСТАНИ ЗА НАДВОРЕШНАTA ЈАВНОСТ

УЧЕСТВО

Ова е настан на кој може да се присуствува само со покани. Самите учесници не смеат да им препраќаат покани на други лица. Доколку сте ја добиле поканата и би сакале таа да се прошири на повеќе лица, ве молиме испратете предлог за дополнителни учесници до назначеното лице за контакт. Крка го задржува правото да го одбие присуството на било кој учесник чиешто име не се наоѓа на листата на поканети.

ОДРЕКНУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ

За време на настанот, Крка ќе ги обезбеди најновите и верифицирани информации што се достапни, сепак содржината и/или пренесувањето на настанот може да се променат надвор од контролата на Крка. Крка нема да преземе никаква одговорност за грешки, пропусти и промени во програмата или содржината на онлајн настанот и не може да ја контролира целата содржина на настанот што ќе биде објавена или дистрибуирана. Крка не е одговорна за комуникацијата на учесниците за време на онлајн настанот.Учесниците ќе ги користат информациите што се обезбедени за време на онлајн настанот на сопствен ризик.

Иако Крка ќе се потруди да обезбеди соодветна содржина, Крка не може да ја контролира целата содржина на настанот што ќе биде објавена или дистрибуирана. Може да сметате дека комуникацијата, графиката, аудио-датотеките или другите информации што се дадени од останатите учесници се несоодветни, навредливи, штетни, неточни, нечесни, погрешни и/или измамнички, но вие самите сте единствено одговорни за вашата интеракција со останатите учесници. Крка, нејзините директори, вработени, агенти и подружници нема да бидат одговорни за било каква штета што може да произлезе или да е поврзана со онлајн настанот или со информациите што се презентирани на онлајн настанот.

СНИМАЊЕ

Ова е интерактивен онлајн настан кој ќе биде снимен за идна образовна и стручна употреба и за целите на архивирање. Преку приклучувањето на онлајн настанот и активното  учество во истиот, вие и давате дозвола на Крка за снимање на истиот. Со тоа на Крка и се дава право да го снима вашиот видео и аудио стриминг, и да ја користи вашата снимка во видеото од онлајн настанот или во било која изменета верзија од истото (краток филм/вебинар), и да ја објави на веб-страницата на Крка што е достапна за  општата јавност, само за здравствените работници или само за вработените на Крка, како што е применливо. 

Ние, исто така, би сакале да ве информираме дека онлајн настанот ќе биде снимен од страна на КРКА ФАРМА ДООЕЛ Скопје, или од страна на компанијата што е ангажирана од Крка за оваа намена. Снимката ќе биде објавена во ограничен временски период. Можете да добите пристап до снимката, да побарате да се корегира дел од снимката што се однесува на вас, може да побарате бришење на снимката, да побарате ограничување на обработката на снимката, да приговорите на обработката на снимката, и да барате вашите податоци што се поврзани со снимката да бидат пренесени на друго место. Можете да ја повлечете вашата согласност, и доколку сметате дека обработката е незаконска, да поднесете тужба до Дирекција за заштита на лични податоци на тел.023230635, на емаил адреса info@privacy.mk / вебстрана https://dzlp.mk. Може да ги остварите вашите права преку контактирање на службеникот за заштита на податоци на Крка на robert.gulija@krka.biz.

Крка поседува авторско право и други права од индустриска сопственост на снимката. Со учеството на настанот, со ова ја ослободувате Крка од било какво непочитување или прекршување на личните и/или правата на сопственост и/или откривање на деловна тајна преку употребата на снимката.

ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

КРКА ФАРМА ДООЕЛ Скопје, ул. Христо Татарчев-1 бр. 101, 1000 Скопје, Република Северна Македонија (“Крка”) ја обработува вашата адреса на е-пошта за следниве цели: за да ви испрати покани, да ја комплетира вашата регистрација за овој настан, и да ви овозможи да присуствувате на овој онлајн настан. Правната основа за горенаведената обработка на лични податоци е вашата лична согласност (ако сте се пријавиле за настанот преку веб-страна или сте биле поканети од страна на претставник на Крка и сте се согласиле да учествувате на настанот) и даночните закони, доколку се применуваат. Крка, ги зачувува вашите лични податоци во EventApp на своите сервери во Словенија; Меетпоинт, д.о.о. е компанија од Словенија која е креатор на апликацијата за организацијата на овој настан и ќе има пристап до вашите лични податоци само во случаи каде што таа обезбедува техничка поддршка. Вашите лични податоци нема да се чуваат во EventApp  подолго од потребното време за целите за кои се прибрани, по што ќе бидат анонимизирани.

За дополнителни информации за вашите права во врска со обработката на личните податоци и за самата обработка на податоците, вклучувајќи и податоци за службеникот за заштита на податоци на Крка, обратете се на  robert.gulija@krka.biz.