Стратегии

Стратегии

Стратегија за развој на Групацијата Крка до 2024 година

  • Да се одржи минимум 5% просечен годишен раст во однос на квантитет/вредност.
  • Да ја подобри грижата за квалитетот на производите и автоматизираните бизнис процеси.
  • Преку ефикасен и оптимизиран развоен и производствен ланец да се овозможи доволна количина на производи во согласност со потребните стандарди за квалитет, навремено и во согласност со проектираната продажба и потребите на пазарот.
  • Да се фокусира на долгорочната профитабилност на севкупниот производствен процес, од развој до готови производи, вклучувајќи ги и останатите процеси во групацијата на КРКА.
  • Покрај органскиот раст на компанијата да се обезбеди и раст преку долгорочни партнерства (вкучувајќи ги и заедничките вложувања) и превземања на други компании, доколку истите станат достапни. Да се фокусира на Европскиот, централно Азискиот и Кинескиот пазар. Примарната цел на компанијата е да обезбеди нови производи и/или нови пазари.
  • Да се одржи највисок можен процент на нови производи во вкупната продажба како и процентот на вертикално интегрираните производи во постојниот асортиман на производи, познат како „златен стандард“.
  • Да лансира избрано портфолио на производи на клучните пазари како една од првите генерички фармацевтски компании.
  • Да се зајакнe фармацевтскиот и хемискиот сектор во клучните терапевтски области кај лековите на рецепт како и во други терапевтски области; да воведеме иновативни производи (иновативни комбинации на две или три активни состојки, нови јачини и фармацевтски форми како и систем на испорка); и да развиваме биосимиларни лекови и комплексни пептиди.
  • Да алоцира до 10% од годишниот приход во трошоци за истражување и развој.
  • Да се зајакне конкурентната предност на нашето портфолио на производи.
  • Да се подобри целокупната економика на компанијата.
  • Да се зголеми степенот на иновацијата во сите деловни сегменти.
  • Да се одржи стабилна дивидендна политика и да се распределат најмалку 50% од нето добивката на акционерите за дивиденда. Проектираната EBITDA се очекува да се движи во просек помеѓу 21% и 25%, а предвидената ROE помеѓу 9% и 12%.
  • Да се одржи независноста.