Пазари

Производите на Крка се присутни во различни делови на светот. Во рамките на стратегијата на работењето си поставивме цел за урамнотежена продажба во пет различни региони: Словенија, Југоисточна Европа, Источна Европа, Централна Европа, Западна Европа и прекуокеанските пазари.
Нашите производи ги продаваме во повеќе од 70 држави. Нашите традиционални пазари се протегаат од Владивосток до Лисабон. Ние сме водечка фармацевтска компанија во Словенија.
Клучниот пазар во регионот на Средна Европа е Полска, а по неа следуваат Чешка , Унгарија, Литванија и други. Во регионот на Источна Европа клучниот пазар е Руската Федерација. Од особено значење се и Украина, Казахстан, Узбекистан, Грузија, Азербејџан и други. Во регионот на Југоисточна Европа помеѓу најголемите пазари се Хрватска, Романија и Бугарија. Сè позначаен е и регионот на Западна Европа и прекуокеанските пазари, каде што најважните пазари се Германија, Велика Британија, нордиските земји и Италија. Крка продава свои производи во Африка, на Арапскиот полуостров и на Далечниот исток.
Графикон - Учество на одделните региони во продажбата на групацијата Крка (на англиски)