Мисија, визија, вредности

Мисија, визија, вредности

Мисија

Живееме здрав живот

Нашата основна задача е да им овозможиме на луѓето здрав и квалитетен живот. Таа задача ја остваруваме со нашата богата палета производи и услуги – лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарно медицински препарати и со услуги од здравственот туризам; спонзорство и донации.

Визија

Континуирано ја зацврстуваме позицијата како една од водечките генерички фармацевтски компании во светот.

Тоа го постигнуваме самостојно со засилување на долгорочните деловни врски и партнерски односи во областа на развојот, снабдување со производи и маркетингот.

Вредности

Брзина и флексибилност

Нашето знаење, способност, иновативност и продуктивност нѝ овозможуваат да бидеме ефикасни. Нашата цел е да бидеме први не само во однос на продажбата, туку и во однос на откривањето на новите потреби на пазарите. Тоа го постигнуваме со ефикасно скратување на развојниот процес, брзото добивање на документацијата за регистрација, усогласеното производство и дистрибуцијата.

Со нашата брзa реакција и способноста за прилагодување, ги надминуваме пречките кои што нѝ ги поставуваат различните пазарни и законодавни барања. Умееме да се справиме со сите предизвици – без оглед на големината и местото каде што се одвива проектот. Со флексибилните решенија сме сигурни дека нашите партнери можат да се потпрат на нас.

Партнерство и доверба

Во Крка градиме добри меѓусебни односи. Тие се основа на нашата доверба во односот со нашите партнери: купувачите, добавувачите, сопствениците и општеството. Само со добри и отворени меѓучовечки односи може да се постигне нашата основна мисија како и деловна успешност.

Креативност и ефикасност

Единствениот вистински пат кон врвните резултати е создавањето на атмосфера во компанијата која што луѓето ги мотивира да бидат иновативни и креативни. Затоа ги поттикнуваме нашите вработени слободно да зборуваат за своите идеи и доколку тие се од значење за компанијата, да ги остварат. Заедно секогаш одново бараме нови патишта за да ги направиме нашите клиенти задоволни.

Задачите кои што произлегуваат од нашите работни места, ги извршуваме најдобро што можеме. Се стремиме тоа што го правиме да го завршиме на најдобар начин, колку што е можно поефикасно и за колку што е можно покусо време.