Квалитет

Квалитетот на производите и услугите и постојаното подобрување на клучните процеси е стратешка насока на Крка. Систематскиот пристап на Крка е наменет постојано да ги надминува барањата на корисниците и да ги постигнува поставените цели во работењето.

Интегриран систем за раководење (ИСР)

Уште од почетокот на работењето, стратешката насока на Крка е производството на лекови кои ги задоволуваат сите потреби во однос на квалитетот, ефикасноста и безбедноста. Во производството применуваме најсовремени пристапи и добра производствена пракса, кои што согласно со развојот на гранката се дополнуваа и подобруваа. Уште од 1974 година успешно ја поминавме првата инспекција на американската ФДА (Агенција за Храна и Лекови ). Со постојано надградување на барањата на добрата производствена пракса (GMP) и останатите добри практики (GxP) го дополнувавме системот за управување со квалитетот, кој што прерасна во ИСР. Во тој систем постепено во целост беа вклучени уште и 1996 - ISO 9001, 2000 - Одговорно постапување (RC), 2001 - ISO 14001, 2004 - HACCP, 2005 OHSAS 18001, и во 2007 ISO/IEC 27001 и ISO 22301. Одличното функционирање на ИСР го поддржува централизираниот систем за управување со документација, кој што беше воспоставен во Крка во 1993 година и кој што постојано се подобрува. Кредибилноста на секој систем одделно и ИСР како целина ја потврдуваме со сертификати на надворешни независни институции. Со таквиот пристап постојано ја зголемуваме довербата на нашите партнери во нашиот систем и во нашите производи.

Постојаните подобрувања, кои што се последица од нашето почитување на стандардите и насоките и пристапот PDCA (планирај, спроведи, провери и делувај), се движечката сила на напредокот и постојаното подобрување во сите области од нашето работење. Системот за контролирање на процесите, ги покрива сите етапи од барањата на корисниците преку маркетингот, развојот и истражувањата, снабдувањето со производи и продажбата, до следењето на задоволството на корисниците.

Систем за квалитет

GMP (good management practice) е најстариот систем за квалитет во Крка кој претставува основа за развој на сите останати системи за управување. Тој има ефект на законска обврска, затоа, придржувањето кон GMP системот за квалитет при производството и продажбата на лекови е императив.

Функционирањето на системот за управување со квалитет го проверуваме преку внатрешна и надворешна контрола. Функционирањето на системите за управување со квалитет периодично го проверуваме и кај добвувачите и кај договорните партнери. За внатрешната контрола се грижиме преку проценките кои што ги врши група од искусни ревизори на Крка.

Адекватноста на системот на управување на Крка се проверува и се потврдува преку редовни контроли на домашни и странски државни агенции, инспекторати и организации за сертифицирање и партнери на Крка.

Функционирањето на сите најважни процеси од аспект на квалитетот периодично ги проверуваат Одборот за квалитет и управниот одбор на друштвото, кои предлагаат мерки и стратешки насоки за спроведување на стратегијата за развој на Крка.

Деловна совршеност

Една од клучните цели на Крка е да се биде совршен во сите области од работењето, затоа ИСР е постојано надградуван при што се земени во предвид начелата на моделот за квалитет EFQM, што го подготви Европскиот фонд за управување со квалитет (European Foundation for Quality Management).

Уште од самиот почеток, стратегијата на Крка е да произведува високо квалитетни, безбедни и ефективни лекови. Крка користи иновативен пристап за производство и ги подобрува практиките преку развој во индустријата. Во 1974, од страна на FDA (Агенција за храна и лекови на Америка) за прв пат беше извршена контрола и истата заврши успешно. Крка константно го развива GMP системот и останатите системи за квалитет кои еволуираа во интегративен систем за менаџмент (ИСМ). ISO 9001, Responsible Care (RC), ISO 14001, HACCP, BS OHSAS 18001, ISO/IEC 27001 и ISO 22301 се вклучени во системот. Одличните перформанси на ИСМ се возможни со постојано подобрување на централизираниот систем за архивирање претставен од Крка во 1993 година. Секој дел од системот како и ИСМ како целина е признаен со сертификати издадени од страна на надворешни независни институции. Благодарение на ваквиот пристап, Крка константно ја зголемува својата доверба кај партнерите.

Нашата посветеност на стандардите, упатствата и PDCA (планирај, спроведи, провери и делувај) пристапот резултира со константни подобрувања. Тие се движечката сила на напредокот и константното подобрување во сите сектори на деловните операции. Процесот на системот за менаџирање го покрива секој чекор од потребите на клиентот преку маркетинг, истражување и развој, снабдување и продажба до мониторирање на задоволството на купувачите.

Систем за квалитет

GMP е најстариот систем за квалитет во Крка кој претставува основа за развој на сите останати системи за управување. Тој претставува законска обврска, затоа, без него производството и продажбата на лекови не е возможно. Функционирањето на системот за управување со квалитет го проверуваме преку внатрешна и надворешна контрола. Функционирањето на системите за управување со квалитет периодично го проверуваме и кај добвувачите и кај договорните партнери.

Внатрешната ревизија е составена од искусен тим на вработени ревизори во Крка. Адекватноста на системот на управување на Крка се проверува и се потврдува преку редовни контроли на домашни и странски државни агенции, инспекторати и организации за сертифицирање и на партнери проценители.

Одборот за квалитет и Управниот одбор на друштвото периодично вршат контрола на сите процеси поврзани со квалитетот и предлагаат мерки и стратешки насоки за спроведување на стратегијата за развој на Крка

Политика за квалитет

Управата на Крка усвои политика за квалитет согласно со стратешките цели. Со политиката се запознаени сите вработени и таа им е достапна на сите заинтересирани. Оваа политика за квалитет редовно ја проверуваме и ја обновуваме.

Политиката за квалитет значи обврска за:

  • поставување на мерливи периодични цели за подобрување, кои што се насочени кон постојано подобрување;
  • подобрување на системот за управување со квалитет и подобрување на производите и услугите согласно со очекувањата и желбите на корисниците и националните и меѓународните стандарди и законски одредби;
  • исполнување на барањата и очекувањата на сите групи на интерес (купувачи, корисници, вработени, акционери, локални заедници и законодавни органи);
  • обезбедување на ресурси коишто ќе овозможат постојано подобрување на процесите;
  • вклучување на сите вработени во програмите за едукација и усовршување на знаењето;
  • мотивирање на вработените за квалитетна работа и грижа за нивниот развој;
  • поттикнување на соработката со корисниците и добавувачите;
  • следење на квалитетот на нашите производи и услуги, отстранување на недостатоци и воведување на подобрувања;
  • осовременување на работните процеси во смисла на подобрување на работењето, квалитетот на производите и вршењето на услугите;
  • обезбедување на соодветна средина за безбедност и здравје при работа;
  • ширењето и воведувањето на Политиката за квалитет на Крка во компаниите на Крка во странство.

Деловна совршеност

Една од клучните цели на Крка е да се биде совршен во сите области од работењето, затоа ИСР е надграден при што се земени предвид начелата на моделот за совршенство EFQM, којшто го подготви Европскиот фонд за управување со квалитет (European Foundation for Quality Management).

Сертификати (на англиски)