Истражување и развој

Во Крка интензивно развиваме иновативни генерички лекови, т.н. генерички лекови со додадена вредност, кои што се плод на сопственото знаење, а на производите им обезбедуваат клучни предности повеќе години по влегувањето на пазарот. Сите наши лекови се висококвалитетни, ефикасни и сигурни. Нашите производи ги продаваме под сопствени брендови.

Истражување и развој

Развојот и истражувањето имаат значајна улога во засилувањето и понатамошното развивање на конкурентската позиција на Крка како еден од водечките генерички производители на лекови во светот.

Основните задачи на развојната и истражувачката дејност остануваат развојот на технологиите за производство на активни супстанции и фармацевтски форми и спроведувањето на сите потребни тестирања и испитувања кои што овозможуваат регистрација на лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарно медицински препарати. Го зголемуваме бројот на вработени и ги модернизираме нашите простории и опрема.

Во групацијата Крка го усогласуваме работењето на матичното друштво Крка и неговите претставништва. Притоа го земаме во предвид целокупното портфолио на компаниите и спецификите на одделните пазари, а со тоа отвораме нови продажни можности.

Палетата производи постојано ја дополнуваме со нови лекови кои се произведени од нашиот тим за истражување и развој. Со усовршени методи, најсовремени технолошки постапки и иновативни решенија, произведуваме лекови од веќе познати активни супстанции. Во нашите генерички лекови во најголем дел вградуваме активни супстанции, добиени со сопствени постапки на биосинтеза и хемиски процеси. Се ова се должи на нашиот силен фокус за инвестирање во знаење на вработените, современата опрема и во развојно-истражувачките и производствените капацитети.

За ефикасна работа при регистрацијата на лековите е важно да се применуваат оптимални постапки во рамките на националните и европските законодавства. При водењето на постапките за регистрација, ги користиме искуствата од изминатите години. Континуирано ги водиме и националните постапки за регистрација. За обезбедување на бројни нови регистрации во идниот период важен е и ефикасниот развој на производите, како и напредната подготовка на документацијата за регистрација на нови производи во иднина. Резултатот од креативните, иновативните пристапи, а пред сè од тимската развојно-истражувачка работа, е бројната поднесена документација за регистрација на нови производи.

За развој на активните супстанции, што претставува е една од главните области на работењето на Одделот за развојот и истражувањe на Крка, добивме исклучително значајна развојно-истражувачка инфраструктура. Отворивме нови хемиски развојни лаборатории, кои што станаа точка на поврзување на знаењето од областа на синтезата и анализата, кое што е потребно за развој на препаратот целиот тек, од теоретската студија за хемиската синтеза до преносот на новата технологија за синтеза во индустрискиот процес.

Во Крка ја почитуваме интелектуалната сопственост на другите и ја штитиме сопствената. Резултатот од нашата работа во клучните области го заштитивме со патентирање. Своите производи ги продаваме под сопствени брендови, што дополнително ја зајакнува нивната вредност.