Генерички лекови

Генерички лекови

Што се тоа генерички лекови?

Генеричките лекови се еквивалентни со оригинаторските лекови на кои што патентната заштита веќе им истекла или воопшто ја немале. Тие содржат исти лековити активни супстанции како и оригинаторските лекови. Генеричките лекови се еквивалентни на оригинаторските лекови, односно имаат ист квалитет, подеднакво се сигурни и ефикасни. Ова е потврдено, со терапевтската пракса, документацијата за регистрацијата и биоеквивалентните испитувања. Генеричките лекови стануваат сè поважни во светот затоа што се со подеднаков квалитет и претставуваат поприфатлива алтенратива во однос на цената во споредба со оригинаторските лекови.

Генеричките лекови на Крка се со додадена вредност

Крка според стратешката насоченост е претежно генеричка фармацевтска компанија. Развиваме и продаваме генерички производи со додадена вредност, односно производи со висок квалитет по достапна цена, по кои што сме препознатливи во голем дел од светот.
Нашите генерички лекови се темелат врз сопствени, иновативни постапки на синтеза или изолација на активна супстанција и сопствени, иновативни фармацевтски формулации. Денес имаме повеќе од 280 иновации заштитени со патент, за коишто беа доделени многубројни патенти во различни европски, американски и азиски држави.

Квалитет, ефикасност, сигурност

Квалитетот на активните супстанции го потврдуваме со многубројни лабораториски тестирања со најсензитивни, најсигурни и валидирани аналитички методи и уреди. Заради подобрените постапки на синтеза и вреднување, генеричката активна супстаниција може да биде дури и поквалитетна од активната супстанција на оригинаторот.

Сертификатот за соодветност (CoS), којшто го доделува Европскиот директорат за квалитет на лекови (EDQM), е највисокиот стандард за квалитет во Европа. Тој потврдува дека активната супстанција одговара на стандардите на европската фармакопеја. Крка има добиено таков сертификат за многубројни активни супстанции.

Лековите на Крка се еквивалентни со лековите на оригинаторот. Фармацевтската еквивалентност е потврдена со тестови на ослободување во in vitro услови, а терапевтската еквивалентност во in vivo услови со биоеквивалентни истражувања. Во двата случаи директно се споредуваат лековите на Крка и лекот на оригинаторот.

Ефикасноста и сигурноста на нашите фармацевтски производи редовно ја проверуваме и ја потврдуваме и во пракса. Голем број на Клинички студии се дел од предрегистрациската фаза(фаза III), пострегистрациската фаза (фаза IV), како и биоеквивалентите студии.