Дејности
Нашата основна дејност се производството и продажбата на лекови на рецепт, лекови без рецепт и ветеринарно медицински препарати. Дејноста на компанијата ја дополнуваат и здравствениот туризам и останати туристички услуги.

Нашата долгорочна стратегија се темели врз развојот и продажбата на висококвалитетни генерички фармацевтски производи кои што ги продаваме под сопствени брендови, а кои што се произведени од потврдени активни супстанци, со напредни методи и најсовремени технологии. На корисниците им обезбедуваме високо квалитетни, сигурни и ефикасни лекови со додадена вредност.
Најголем удел од целата продажба претставуваат лековите на рецепт. При оформувањето на палетата на производи со внимание ги следиме оние заболувања кои што најчесто се присутни кај луѓето. Така, развиваме нови производи, пред сè во четири клучни индикациони области: кардиоваскуларни болести, болести на органите за варење и метаболизамот, инфекциите и болести на централниот нервен систем.
Според обемот на продажбата, по лекови на рецепт следуваат лекови без рецепт и ветеринарнито медицинските препарати.
Низата на нови производи, кои што почнавме да ги продаваме и да ги пласираме на пазарот во последните пет години, суштествено придонесуваат за обемот на продажбата и неговото зголемување.