Претставување на претпријатието

Претставување на претпријатието

Крка спаѓа во врвот на генеричките фармацевтски компании во светот. Веќе подолго од 60 години успешно ги остваруваме нашите стратешки цели и ја следиме нашата мисија и визија.

Дејности

Нашата основна дејност се производството и продажбата на лекови на рецепт, лекови без рецепт, козметика и ветеринарно медицински препарати. Дејноста на компанијата е надополнета со здравствен туризам и останати туристички услуги.

Пазари

Нашите производи се присутни во повеќе од 70 земји. Во рамките на стратегијата на работењето поставивме цели за урамнотежена продажба во пет различни региони: Словенија, Југоисточна Европа, Источна Европа, Централна Европа, Западна Европа и прекуокеанските пазари.

Развој и истражувања

Во Крка развиваме иновативни генерички лекови т.н. генерички лекови со додадена вредност, коишто се плод на нашето сопствено знаење и на производите им обезбедуваат клучни предности и повеќе години по влегувањето на пазарот. Сите наши лекови се висококвалитетни, ефикасни и сигурни. Нашите производи ги пласираме под нашите сопствени брендови.

Квалитет

Крка како генерички производител, произведува лекови кои што според квалитетот, ефикасноста и сигурноста се еквивалентни со производите на останатите водечки фармацевтски компании. Квалитетот во најширока смисла го создаваме, го зачувуваме и за него се одговорни сите наши вработени. Со систематскиот пристап сакаме да ги надминеме барањата на клиентите и и да ги постигнеме поставените деловни цели.

Инвестиции

Стратешката насока за развој на сопствени генерички лекови ја остваруваме со инвестиции во развојно-истражувачките капацитети и со сопствени производствено-дистрибутивни центри во светот.

Грижа за вработените

Деловната успешност се темели врз посветеноста и знаењето на вработените. Посветени сме да стекнеме, мотивираме и да ги задржиме нашите вработени и да градиме култура на интернационална компанија. Инвестирањето во знаењето и усовршувањето на нашите вработени овозможува да бидат помеѓу најдобрите во областите во кои работат.