Заштита на животната средина
Политиката за заштита на животната средина, спроведувањето на програмите за заштита на животната средина, позитивниот однос на раководството на друштвото и сите вработени кон развојот во хармонија со природата се манифестираат преку постојаното намалување на емисиите во животната средина и рационалното користење на природните ресурси. Со целосниот пристап кон заштитата на животната средина, и покрај интензивниот пораст на производството, ја подобриваме состојбата во животната средина.

Стандарди и легислатива за заштитата на животната средина
Во последните години Крка го имплементираше стандардот ISO 14001 и ги интензивираше инвестициите во заштитата на природата за да обезбеди прилагодување кон потребите на законодавството за животна средина. Ние сме во целосна согласност со законот за отпадни води, смет, воздух и бучава. Во исто време според стандардот ISO 14001, Крка го претстави системот за мониторирање и известување во согласност со законот за животна средина, кој ни дозволува да ги препознаеме новостите и да ги вклучиме во програмите за животната средина.
Крка подготви и поднесе апликација за интегрирана дозвола за заштита на животната средина во согласност со условите на Министерството за Животна средина и просторно планирање и Директивата за интегрирана заштита и превентивно загадување и контрола (IPPC Директива). Ние сметаме дека ги исполнуваме сите услови за добивање на лиценца за заштита на животна средина, затоа што нашата технологија е во согласност со стандардите (BAT – best aviable technique).