Спонзорство и донации

Веруваме дека насоченоста кон одржлив развој и слухот за потребите на општеството се доказ за нашиот успех. Затоа со разни спонзорства и донации поддржуваме бројни проекти во областа на здравството и хуманитарното дејствување, вложуваме во спортот, едукацијата, науката и културата.

Во 2015 година ние насочивме средства во висина од 0,34% од нашата вкупна продажба во спонзорства и донации. Поголемиот дел од овие средства се за промоција на не-профитни активности. Нашиот фокус е на животната средина на локално и национално ниво како и надвор од границите на Словенија. Приоритет ни се дологорчни проекти кои придонесуваат за животот и средината.

Крка развива партнерски однос со корисниците на спонзорствата. Покрај финансиската поддршка, ние нудиме и поддршка во делот на организација и соработка од страна нашите вработени. Од 2007 година ние организираме средби со примателите на спонзорства каде што ја презентираме нашата корпоративна стратегија и ги оценуваме нашите заеднички достигнувања и нови можности за соработка во иднина.

Да се поддржува општествената заедница е цврст елемент на деловниот пристап на Крка, кој одржува добри релации со јавноста додека ја зголемува лојалноста кај своите вработени и нивните фамилии.