Кампања за здрава работна средина
Европската комисија во јуни 2008 година започна две-годишна Европска информативна кампања за проценка на ризик од заболување, наречена Здрава работна средина. Кампањата претставува можност за обезбедување на побезбедни и поздрави работни места во Европа, а нејзината цел е поттикнување на целосен интегриран пристап кон проценка на ризикот. Оваа кампања ја води Европската агенција за здравје и безбедност при работа (EU-OSHA). Таа е сконцентрирана пред сè на секторите со голем ризик, како што се градежништвото, здравството и земјоделството, како и на потребите на малите и средните претпријатија.
Оваа кампања даде важен придонес во информирањето на работодавците и во подобрување на деловните перформанси. Ова беше причина Крка да ја подржи оваа кампања и воедно ги повика своите партнери на соработка.
Безбедна работна средина во Крка
Ние во Крка се трудиме да им обезбедиме на вработените и нашите соработници безбедна работна средина, затоа водиме евиденција на сите незгоди и ризици од заболување на сите нивоа.
Методологијата на Крка за проценка на ризиците е едноставна, лесно разбирлива и претставува многу добра алатка за препознавање на опасноста од настанување на повреди и нарушување на здравјето на вработените. Во препознавањето и проценка на ризиците се вклучени сите вработени. Изработени се речиси 1000 проценки, кои што се основа за обука на вработените и определување на приоритетните задачи за постојано подобрување на состојбата во областа на безбедноста и здравјето при работа.
Европска статистика за незгодите при работа
Според податоците на Европското биро за статистика (Евростат), како последица од незгоди при работа секоја година во Европската унија умираат 5,720 лица. Меѓународната организација за труд оценува дека секоја година во ЕУ 160,000 работници умираат од заболувања поврзани со работата. Повеќето незгоди и болести може да се спречат, а првиот чекор кон нивното спречување е токму проценката на ризикот. Станува збор за точна и систематска проценка на сите аспекти на работата, во рамките на која што се проучува што би можело да ја предизвика повредата, дали може да се отстранат опасностите, а ако тоа не е можно, какви превентивни и безбедносни мерки би требало да се воспостават за контролирање на ризиците на прифатливо ниво.
Должности на работодавачите за безбедноста и здравјето на вработените
Работодавачите морално и законски се должни на сите работни позиции да ја обезбедат безбедноста и здравјето на вработените. Прегледот на спроведувањето на донесените директиви во таа област укажа недостатоци во одредени компании.
Со кампањата Здрава работна средина, ЕУ цели кон информирање на претприемачите и пошироката јавност дека проценката на ризици не е комплициран процес. Агенцијата нуди низа механизми кои што може да помогнат во постапката за оценување на ризиците. Соодветната оцена на ризикот донесува и бројни деловни предности, бидејќи сигурната и поздравата работна средина помага за намалување на отсуството од работа, намалување на трошоците за осигурување и истовремено ја зголемува мотивацијата на работникот и работната ефикасност. Освен тоа, оценката на ризикот придонесува и за намалување на товарот на националните системи за здравствено осигурување.
Повеќе за кампањата, добрите практики и материјалите побарајте на Европските интерент страници на европската кампања за проценка на ризик.