Грижа за вработените

Во Крка на вредните и посветени кадри им нудиме интересна работа во интернационална средина, развој и напредок на деловен, професионален и личен план. Заедно ја градиме културата на меѓусебна доверба, почитување, ефикасна соработка и тимска работа, постојана надградба и одговорна и ефикасна работа.

Ги почитуваме законските норми и правилата на етичкото однесување кон блиските и пошироката општествена средина. Еднаквите можности за сите, без оглед на полот, расата, боја на кожа, возраст, здравствена состојба, односно инвалидноста, верското, политичкото или друго убедување, членство во синдикат, национално или социјално потекло, семеен статус, имотна состојба, половата ориентација или другите лични околности се основа на нашето работење.

Многубројните награди и признанија кои Крка ги има добино се резултат од систематската работа во кадровската област, а во тоа учествуваат како раководството на компанијата и сите раководители, така и стручните служби и останатите партнери.

Новите кадри ги привлекуваме преку јавни конкурси и огласи на интернет страниците, преку соработка со училиштата и факултетите и се претставуваме на саемите за кадри.

Крка на својата интернет страница има постојан отворен конкурс, на кој што може да се пријавуваат студенти и ученици.

Потребата да се пронајдат талентирани кадри значи и дека ние сме активни во нивната потрага и во пошироката околина. Наградите на Крка се уште еден начин на потикнување на младите луѓе да се вклучат во креативната работа.

Број на вработени на 31. декември (англиски)