Кодекс на однесување на Крка
Кодексот на однесување е најзначајниот документ со кој се регулира корпоративната усогласеност на Крка, д.д., Ново Место.
Кодексот на однесување ги дефинира принципите и правилата на етичкото однесување, добрата деловна пракса и стандардите на однесување, кои се задолжителни за сите вработени на Крка Група. Тој служи како водич и рамка за очекуваното, одговорно и етичко однесување при извршувањето на работата, при што нашето однесување и деловно работење мора секогаш да биде во согласносг со регулативите, јавните препораки, стандардите, политиките и интерните правила на компанијата, како и со добрите деловни пракси.
Очекуваме нашите добавувачи и останатите деловни партнери на Крка и нејзините подружници да се запознаат со Кодексот и да се придржуваат кон истиот при нивната деловна соработка со Крка.
Кодекс на однесување на Крка (PDF 7697 kB)