Интегритет и Усогласеност

Одговорно деловно однесување

Крка е компанија со долга традиција, која ја гради својата успешна деловна приказна врз основа на интегритет и посветеност на највисоките етички стандарди . Крка е една од водечките генерички фармацевтски компании во светот. Ние сме свесни за нашите должности и можности во помагањето да се создаде одговорно деловно опкружување. Ние го водиме нашиот бизнис одговорно и ги разбираме и ги земаме во предвид долгорочните влијанија на економските активности врз севкупната општествена средина.

Корпоративна усогласеност

Нашиот интегритет се заснова на   етика, корпоративна усогласеност   и  ефикасно управување со ризици.

Основните етички принципи на Крка се почит, соработка, совршен  квалитет и интегритет на менаџментот.

Корпоративната усогласеност се грижи компанијата и нејзините вработени да се придржуваат до сите релевантни регулативи, меѓународни стандарди и директиви, и компанијата правилно да соработува со регулаторните органи. Корпоративната усогласеност во рамките на компанијата се заснова на неколку политики и интерни правила кои детално ги опишуваат активностите и одговорностите поврзани со спроведувањето на процесите со цел да се обезбеди минимално нарушување на деловното работење и минимален ризик во однос на кршењето на прописите, стандардите, политиките на компанијата и интерните правила.

Управувањето со различните   ризици во однос на корпоративна усогласеност е вградено во сите деловни процеси на Крка, тоа овозможува идентификација и управување со факторите кои би можеле да го загрозат постигнувањето на стратешките и деловните цели на компанијата и на целата Крка Група.

Почит и соработка

Еднаквите можности за сите, почитувањето на правните норми и   етичкиот пристап кон останатите луѓе и пошироката општествена заедница ги претставуваат темелите на нашето делување.

Ние сме свесни за фактот дека   партнерството и довербата  имаат значително влијание врз деловните резултати на Крка, и затоа ја   поттикнуваме соработката со сите   заинтересирани страни  врз основа на взаемно почитување и земање во предвид на различни мислења, а која ќе биде фокусирана на зголемување на вредноста на целата Крка Група.  

Совршен квалитет

Ефикасни, квалитетни и безбедни   лекови и други производи се нашиот  начин на кој сакаме да придонесеме за подобар квалитет на животот на сите луѓе. Ние развиваме иновативни производи и се стремиме да обезбедиме широка достапност на истите .

Нашето истражување и развој и нашата соработка со лицата од областа на медицината и деловните партнери ни помагаат да ги подобриме нашите знаења од областа на фармацијата и да придонесеме во развојот на квалитетни медицински производи.

Ние сме посветени на фер, сеопфатно и навремено   обезбедување на информации во врска со нашите производи.

Ние внимателно ги заштитуваме сите информации во однос на Крка, нашите деловни партнери и трети лица, со кои се среќаваме за време на нашето работење и деловни активности.

Со личните податоци на секој вработен и трето лице мора да се постапува внимателно, на транспарентен начин, и во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

Интегритет на менаџментот

Управата поставува важен пример со својата работа и стилот на управување, па затоа сите наши извршни директори се луѓе кои ги персонифицираат клучните вредности на Крка. Нивните добри примери ги охрабруваат останатите вработени и на тој начин придонесуваат кон зајакнувањето на интегритетот на целата компанија.

Главниот директор за усогласеност е одговорен за корпоративната усогласеност на највисоко ниво.

Нашите раководни менаџери  се одговорни за подигањето на свеста за корпоративната усогласеност и за корпоративната усогласеност во своите деловни единици. Тие мора да се погрижат сите вработени да бидат информирани во однос на сите регулативи, упатства и стандарди и и да бидат усогласени со истите. При нивната работа, вработените редовно се едуцираат и обучуваат, и се запознаени со последиците од несоодветното однесување.

Корпоративен интегритет

Во Крка, го следиме принципот на нулта толеранција кон каква било форма на измама, злоупотреба и нефер пазарни практики. Главниот директор за усогласеност го следи доследното почитување на правилата и раководи со ефективен систем за подигнување на свеста и справување со несоодветното однесување.

Нашиот основен принцип е дека сите одлуки се носат во најдобар интерес на Крка, и затоа треба да избегнуваме ситуации кога за овие одлуки би можело да се смета дека биле донесени првенствено врз основа на нашите лични интереси, а не на интересите на Крка.

Односите помеѓу лицата од фармацевтската индустрија и од областа на медицината се засноваат на строги етички стандарди, прописи и упатства, кои што ги земаме во предвид во сите наши деловни активности.

Ние ги почитуваме прописите со кои се регулира заштитата на конкуренцијата и на ниту еден начин не ја попречуваме, ограничуваме или нарушуваме конкуренцијата.

Ризиците од појава на несоодветно однесување, кои произлегуваат од деловните релации, се ублажуваат преку редовна проверка на нашите клиенти, добавувачи и други деловни партнери. На овој начин, можеме да ја спречиме можната штета на угледот на Крка и деловните загуби.

Општествена одговорност

Нашата општествена одговорност ја искажуваме преку поддршка на различни активности во рамки на околината во која што живееме. Учествуваме во хуманитарни активности и учествуваме во активности кои промовираат достигнувања од областа на науката, образованието и културата и кои помагаат да се заштити нашата животна средина.

Ние се грижиме за животната средина и ги почитуваме регулативите за заштита на животната средина, и исто така соработуваме со потесната и пошироката локална заедница.

Свесност

Само преку доследно почитување на корпоративната усогласеност  можеме да постигнеме одлични работни резултати, да го зајакнеме задоволството на корисниците на нашите производи и со тоа да ја изградиме нивната доверба во Крка.

Нанапред во иднина гледаме со оптимизам   и доверба во мисијата, знаењето, искуството и вработените на Крка. Нашата цел е Крка да биде признаена на глобално ниво како компанија со јасна визија, супериорен квалитет, вредности и одговорно корпоративно однесување.