Претставување
Своето прво претставништво Крка го отвара во Македонија во седумдесетите години. Денес тоа е фирма која има високо едуциран и посветен кадар, кој остварува долгогодишна тесна и успешна соработка со доктори и фармацевти, здравствени установи, клиники, академски центри и министерства. Без вистинска посветеност, наклонетост на стручната јавност, без непрекинато вложување во најширока смисла, нашиот развој не би бил така успешен.
Крка своето постоење го должи не само на продажба на своите производи туку и на континуирано воведување на модерна светска доктрина преку промовирање на современа терапија при третирање на болести. Овој процес опфаќа континуирана медицинска едукација, организација на стручни состаноци, работилници, симпозиуми, конгреси и здравствена едукација на популацијата.
Стратегијата на Крка е производство на висококвалитетни генерички производи со додадена вредност кои настанаа како резултат на Кркиното сопствено знаење и искуство. Квалитетот е нашата најголема обврска заради која Крка е постојано наградувана со бројни признанија, сертификати и патенти. Лековите на Крка се произведуваат во согласност со најстрогите европски и меѓународни производствени и фармацевтски стандарди.
Сопственото производство на активни супстанции, формулации и вертикалната интеграција гарантираат лекови од Крка со висок квалитет, ефикасност и безбедност, потврдени со бројни клинички студии.
Здравиот живот и подобрувањето на квалитетот на живеење се приоритет на Крка, тоа е нашиот придонес во креирање на подобар свет.