Крка во Македонија

Животот на Крка, Ново место, Р.Словенија започна во април 1954 година со ентузијазам, голем дух и доверба во своите лидери кои отсекогаш вложуваа во знаење и не го штедеа времето за достигнување на поставените цели.

Денес Крка прерасна во успешна интернационална компанија со најмодерни производи и истражувачки капацитети во повеќе од 72 држави од Владивосток до Лисабон каде и покрај острата конкуренција успева да се одржи на врвот помеѓу другите фармацевтски компании. Производствените капацитети се наоѓаат во Словенија, Руската федерација, Полска, Хрватска и Германија. Сите производи на Крка се направени според најстроги меѓународни стандарди за контрола на квалитетот (IMB, GMP EC и FDA GMP, WHO-GMP, ISO 9001, HACCP) и контрола на животната средина (ISO 14001).